четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 96 ново

Алармантни податоци, четири од пет НБА-кошаркари користат марихуана

lebron i karmelo

Од најсилната кошаркарска лига пристигнуваат алармантни вести бидејќи се смета дека 80 проценти од кошаркарите им се препуштаат на „задоволството“ кое го нуди марихуаната. Тоа го потврди и актуелниот тренер на Голден Стејт, Стив Кер, кој изјави дека и самиот земал во моменти кога имал повреди, објаснувајќи дека марихуаната е помалку штетна отколку некои лекови против болки.

– Јас не уживам во пушењето на марихуана, но тврдам дека е таа помалку штетна отколку некои лекови против болка. И поради тоа мислам дека таа треба да се дозволи да се користи за медицински третмани. Можеби поради ова ќе имам проблеми, но јас двапати ја имам користено, во моментите на хронични болки. Искрено, јас и незнам дали како тренер сум подложен на тест против дрога – изјави Кер.

stef kari

Колку за информација и тренерите се подложни на допинг тест, барем еднаш годишно, а за разлика од нив кошаркарите тој тест го прават четири пати годишно. Марихуаната е легализирана за употреба во медицински третмани во 23 сојузни држави на САД.

Играчот, кој ќе биде првпат фатен со марихуана, мора да оди на третман, а по вториот таков прекршок плаќа казна од 25.000 долари. Кога ист играч и по третпат е фатен со марихуана, тогаш автоматски следи пауза од пет натпревари, а по четвртиот казната пораснува на 10 меча суспензија. Се чини и дека не така големите казни придонесуваат НБА-играчите да посегнат по користењето на марихуана.

Top