понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 117 ново

Рецепт за варено вино: Mагичeн пијалак за студените зимски ноќи

Традицијата на пиење варено вино потекнува од северна Европа, каде што тоа почнало да се консумира уште од средниот век. Од Шведска, преку барбарските племиња, овој напиток се проширил во Римското Царство, а потоа и во нашите краеви. Варено вино со неодолив мирис на цимет кој се шири низ домот, одлична комбинација во студените зимски ноќи.

Рецепт за одлично варено вино:

1 литар црно вино

200-300 мл вода

150 гр шеќер

8 парчиња каранфилче

1 стапче цимет

Во водата се раствора шеќерот, циметот и каранфилчето се ставаат во вода и се варат, сѐ додека половина од водата не испари. Потоа се додава виното и се грее до вриење. Се служи во топли чаши.

Top