недела, 23 април 2017 | Вести денес: 100 ново

Тешка мистерија: Зошто гинеколозите најчесто се мажи

Сигурно и вие сте забележале  дека најголемиот број од гинеколозите се мажи но се прашувате ли зошто е тоа така.

Погледнете  како овие доктори ги објаснуваат своите причини за станувањето специјалисти за здравјето на жените…

1. „Тоа е голема чест”

Еден гинеколог изјавил дека му се допаѓа идејата да учествува во нешто што е важен дел од животот на жените. За него било од голема чест да има пристап до целокупниот идентитет на пациентката.

2. „Жените се подобри пациенти”

Додека мажите често тврдат дека не им е ништо кога имаат проблем, жените едноставно ги кажуваат симптомите и што ги мачи. Затоа е полесно да бидат лекувани.

3. „Полесно е да се грижиш за здравјето на жената, отколку за мажот”

Кога станува збор за видовите на рак од кој заболуваат жените- рак на дојка, грло на матка, јајници- во 4 од 5 случаи може на време да се спречат фаталните последици. Доколку редовно одат на лекар, болеста се открива на време и се лекува.

4. „Чудото на раѓањето”

„Мој пријател често зборува дека сака да прегледува женски гради. За среќа, тој стана невролог. Јас одлучив да станам гинеколог и да се доближам до чудото на раѓањето.”

5. „Повеќе здравје, отколку болест”

Кога станува збор за гинекологија, пациентките се почесто здрави, отколку болни, а процесот на пораѓање е нешто најдобро на свет, вели еден од лекарите.

Top