сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 9 ново

Лекари, сестри, компјутерџии, пакувајте се, Австрија ве чека

Зимска туристичка сезона во Австрија трае од декември до Велигден и тогаш во оваа земја се потребни голем број сезонски работници. Според достапните податоци, само австриските хотели и ресторани секоја сезона имаат потреба од околу 30 000работиници, а голем дел од нив доаѓаат токму од странство. Процесот на селекција почнува најрано во октомври.

Исто така, австриското Министерство за работа усвои листа на дефицитни професии за 2016 година  која го опфаќа следните професии?металостругар, висококвалификуван техничар во област на машинство и електроенергетика, дипломирани инженери по електроенергетика и медицински техничари /сестри со вишо или средно училиште.

За сите горенаведени професии за 2016 година потребно е да се поднесе барање за Црвено – бело – црвена карта до 5 ноември 2016 година.

Системот црвено – бело- црвени дозволи е бодовен систем, врз основа на кој добивате дозвола за работа во земјата. Визата се добива врз основ на барање за работа доколку кандидатот оствари најмалку 70 од 100 бодови. Црвено – бело- црвена картичка важи дванаесет месеци и дозволува населување на одредено време и вработување кај работодавач кој ве побарал.  По година дена може да се поднесе барање за слободен пристап до пазар на трудот.

Кој сака да работи во Австрија, од пресудно значење е да го знае германскиот јазик, затоа што со него се одвива целосниот процес на пријава и целата комуникација. Молбите и СВ треба да бидат преведени. Познавање само на англиски јазик е  доволно исклучиво за специјализирани ИТ експерти.

Исто така, дипломите мора да се проверат и според со австрискиот систем на школството за да може да се нострифицираат. Доколку има разлика, се полагаат дополнителни испити. За нострификација на универзитетска диплома се поднесува барање на соодветен австриски универзитет, односно високо стручно училиште или во централата служба за информирање во Министерство за науки.

Покрај сезонските работници и наведените дефицитни професии, голема побарувачка има и на други работни позиции,, како лекари, финансиски советници, бравари, секретарки и административни работници.

Top