вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 126 ново

Повелете на чај и слатко во Старата скопската чаршија

Основната цел на настанот е промовирање на традиционалната храна меѓу младите и нејзиното зачувување. Исто така, преку делењето храна се овозможува и поврзување на младите од сите националности и религии, велат од организацијата

Планински чаеви за стоплување на случајните минувачи, како и дегустација на повеќе видови мармалад и слатко, ќе понуди манифестацијата ИТ-ИН „Тера Мадре“ што ќе се одржи денеска во Скопската чаршија.

Настанот го организира Слоу Фуд Млади – Македонија по повод интернационалниот Тера Мадре Ден 2016 со цел да ги вклучи младите во заедничка акција за зачувување на традиционлната храна и локалните рецепти.

– Основната цел на настанот е промовирање на традиционалната храна меѓу младите и нејзиното зачувување. Исто така, преку делењето храна се овозможува и поврзување на младите од сите националности и религии. Слоу Фуд Млади Македонија на овој начин го поттикнува младинското активирање и директно ги покренува прашањата поврзани со системот на храна, велат организаторите.

На штандот што ќе биде поставен на платото кај влезот на Старата чаршија, минувачите, покрај дегустирање, прв пат ќе имаат можност и да купат дел од производите што ги промовира Слоу Фуд, а не се достапни на друго место.

Интернационалниот Тера Мадре Ден годинава е посветен на кампањата на Слоу Фуд „Сакај ја Земјата, брани ја иднината“.

Top