четврток, 25 мај 2017 | Вести денес: 45 ново

Дурловски: Оперското пеење ми го определи животот!

И јас, ка­ко и си­те умет­ни­ци, це­ли­от жи­вот меч­та­ам, со­ну­вам. Има не­ос­тва­ре­ни сни­шта, но, зна­е­те, жел­би­те и со­ни­шта­та не се рас­ка­жу­ва­ат, ни ре­че Ана

Ана Дур­лов­ски е ро­де­на во 1978 го­ди­на во Штип. Од 1997-2001 сту­ди­ра­ла на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност во Скоп­је, во кла­са­та на проф. Би­ља­на Јо­ва­нов­ска-Ја­ки­мов­ска. Ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни ха­риз­ма­тич­ни­от со­пран Ана Дур­лов­ски го осво­ју­ва све­тот. Со сво­и­те тре­пер­ли­ви и воз­ви­ше­ни ли­нии и истен­че­но­то чув­ство за ри­там, таа ги сли­ка му­зич­ки­те сти­ло­ви, најм­но­гу ко­ри­стеј­ќи го Мо­царт ка­ко ме­ди­ци­на за гла­сот. Сре­бре­ни­ка­ви­от глас на Дур­лов­ски бе­ше за­бе­ле­жан уште на неј­зи­но­то де­би во 2000 го­ди­на ко­га ја тол­ку­ва­ше Лу­чи­ја од Ла­мер­мур. От­то­гаш фо­ку­си­ра­ни­от транс­па­рент­но све­тол тон на овој со­пран ста­ну­ва обе­леж­је на бел­кан­то ре­пер­то­а­рот во про­дук­ци­и­те на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра. На оваа сце­на таа ги тол­ку­ва­ше и До­на Ана во „Дон Џо­ва­ни“, Кра­ли­ца­та на Но­ќта во „Вол­шеб­на­та флеј­та“, Аде­ла во „Лил­ја­кот“, Џил­да во „Ри­го­ле­то“, Ро­зи­на во „Се­вил­ски­от бер­бер“ и др.

Ре­зо­нант­ни­от глас кој ги до­пи­ра и не­бес­ни­те ви­со­чи­ни го пре­поз­на и Фон­да­ци­ја­та „Му­зич­ки те­а­тар за ју­го­и­сточ­на Евро­па“ и од 2005 го­ди­на Дур­лов­ски бе­ше сти­пен­дист на оваа ин­сти­ту­ци­ја. Во 2006 го­ди­на Ана ја до­би на­гра­да­та „Ма­ри­ја­на Ра­дев“ за нај­до­бро жен­ско опер­ско ос­тва­ру­ва­ње во Хр­ват­ска, за уло­га­та Кра­ли­ца­та на Но­ќта во „Вол­шеб­на­та флеј­та“. Оваа пе­ви­ца, ко­ја но­си енор­мен еро­ти­зам и пее не по­мал­ку од им­пре­сив­но, во ју­ни 2006 го­ди­на де­би­ти­ра­ше на сце­на­та на ре­но­ми­ра­на­та Ви­ен­ска др­жав­на опе­ра со уло­га­та на Кра­ли­ца­та на Но­ќта во „Вол­шеб­на­та флеј­та“, ка­де што до­би по­сто­јан ан­гаж­ман во се­зо­на­та 2008/09 го­ди­на. Во ме­ѓу­вре­ме на­ста­пи и во „Ме­тро­по­ли­тен“, што се сме­та за врв на ка­ри­е­ра­та на се­кој из­ве­ду­вач.

Ана де­но­ви­ве на­ста­пу­ва на сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, по­втор­но во „Лу­чи­ја од Ла­мер­мур“ со ко­ја де­би­ти­ра­ше на ма­ке­дон­ска­та опер­ска сце­на, па по­раз­го­ва­рав­ме за по­че­то­ци­те, па­ту­ва­ња­та, со­ни­шта­та…

ana-durlovski-3

Ва­ше­то нај­но­во ос­тва­ру­ва­ње на сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет е уло­га­та во опе­ра­та „Лу­чи­ја од Ла­мер­мур“. Вие де­би­ти­ра­вте со уло­га­та на Лу­чи­ја во 2000 го­ди­на на сце­на­та на МОБ. Што прет­ста­ву­ва за Вас да се би­де дел од ед­на од во­деч­ки­те бел­кан­то опе­ри во свет­ска­та опер­ска ли­те­ра­ту­ра?

Дур­лов­ски: Бел­кан­то са­мо по се­бе оз­на­чу­ва уба­ва ари­ја, уба­ва му­зи­ка, од та­му и по­тек­ну­ва. Тоа пе­е­ње са­мо по се­бе е спе­ци­фич­но и ба­ра по­и­на­ква ко­ло­ра­ту­ра. Лу­чи­ја е ед­на од нај­поз­на­ти­те бел­кан­то опе­ри и се­кое неј­зи­но ис­пол­ну­ва­ње за ме­не е по­се­бен пре­диз­вик. По­себ­но за­до­волс­тво ми е ко­га на­ста­пу­вам пред на­ша­та пуб­ли­ка и се ра­ду­вам што ќе се срет­не­ме на сце­на­та на МОБ на 10-ти овој ме­сец.

 

Она што од са­ми­от по­че­ток на ка­ри­е­ра­та Ве на­пра­ви раз­лич­на од дру­ги­те не беа са­мо дол­га­та ви­со­ка, бле­ска­ва ко­ло­ра­ту­ра и пер­фект­но­то ле­га­то, ту­ку и моќ­ни­от глас. Од ко­га поч­на­вте да се за­ни­ма­ва­те со опер­ско пе­е­ње? Да­ли отсе­ко­гаш зна­е­вте де­ка тоа ќе би­де Ва­ша­та про­фе­си­о­нал­на опре­дел­ба?

Дур­лов­ски: Од ко­га знам за се­бе, јас пе­ам опер­ски арии. Мо­же­би е кли­ше, но во мо­јот слу­чај е на­ви­сти­на та­ка. Опер­ско­то пе­е­ње ме­не ми го опре­де­ли жи­во­тот, поч­ну­вај­ќи од ни­жо­то пре­ку сред­но­то му­зич­ко, ака­де­ми­ја­та и сè та­ка до ден-де­нес јас се усо­вр­шу­вам се­којд­нев­но. Јас жи­ве­ам за две ра­бо­ти, за се­мејс­тво­то и за опе­ра­та.

ana-durlovski-2

До­бит­ник сте на мно­гу­број­ни приз­на­ни­ја и на­гра­ди во зем­ја­ва и во странс­тво. Ме­ѓу нив е и приз­на­ни­е­то „На­ци­о­на­лен умет­ник“ кое го до­де­лу­ва пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ги до­жи­ву­ва­те на­гра­ди­те?

Дур­лов­ски: Ние, умет­ни­ци­те нај­че­сто не обр­ну­ва­ме вни­ма­ние на на­гра­ди­те, но ко­га ни до­де­лу­ва­ат на­гра­да, ед­но­став­но тоа нè осве­сту­ва во ко­ја на­со­ка се дви­жи­ме, про­сто ни ка­жу­ва де­ка тоа што сме го сра­бо­ти­ле е на­ви­сти­на вред­но. На­гра­да­та „На­ци­о­на­лен умет­ник“ ми е нај­дра­га, тоа е др­жав­но приз­на­ние, приз­на­ние од мо­ја­та ро­де­на зем­ја, и сум мно­гу бла­го­дар­на за тоа.

 

До­се­га сте на­ста­пи­ле на мно­гу­број­ни свет­ски сце­ни. Па­тот до „Ме­тро­по­ли­тен“ во­оп­што не е ле­сен, но Вие го изо­де­вте. За што со­ну­ва­те? Оста­на ли не­кој не­ос­тва­рен сон?

Дур­лов­ски: И јас, ка­ко и си­те умет­ни­ци, це­ли­от жи­вот меч­та­ам, со­ну­вам. Има не­ос­тва­ре­ни со­ни­шта, но, зна­е­те, жел­би­те и со­ни­шта­та не се рас­ка­жу­ва­ат за да се ос­тва­рат.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 223. број на неделникот „Република“, 9.12.2016)

Top