сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Игор Томески: Познатиот Ед Харис ги процени моите проекти

Мо­ја­та на­гра­да е до­де­ле­на за дра­ма, ли­дерс­тво и ви­зи­ја за мо­е­то осум­го­диш­но не­про­фит­но тво­ре­ње филм­ски и те­а­тар­ски про­е­кти од ма­ли но­зе во Те­то­во. Прет­став­ник на жи­ри­то од об­ла­ста на фил­мот и на те­а­та­рот е поз­на­ти­от хо­ли­вуд­ски оска­ро­вец Ед Ха­рис – актер, ре­жи­сер, про­ду­цент, сце­на­рист, ве­ли То­ме­ски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

„Иде­а­лиз­мот на мла­ди­от чо­век” е филм на мла­ди­от Игор То­ме­ски (20), чи­ја­што пре­ми­е­ра е за­ка­жа­на за 18 де­кем­ври во Те­то­во, кое го прос­ла­ву­ва до­би­ва­ње­то на го­ди­наш­на­та Но­бе­ло­ва на­гра­да за мла­ди ка­ко град со единс­твен но­бе­ло­вец на Бал­ка­нот.То­мо­ски е пр­ви­от и за­се­га единс­твен до­бит­ник на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да за мла­ди во ре­ги­о­нот и во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ го рас­ка­жу­ва сво­јот пат до на­гра­да­та, но збо­ру­ва и за ид­ни­те пла­но­ви. Во мо­мен­тов сту­ди­ра те­а­тар­ска и филм­ска глу­ма и ре­жи­ја во Њу­јорк.

Ка­ко 20-го­ди­шен те­то­вец ста­на до­бит­ник на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да за мла­ди? Мо­же ли да ни го рас­ка­жеш тво­јот пат до Њу­јорк?

ТОМЕСКИ: Од ра­на во­зраст, по­крај учи­ли­ште­то, се ан­га­жи­рав во кул­тур­ни слу­чу­ва­ња во Те­то­во, па, ме­ѓу дру­го­то, пи­шу­вав и ре­жи­рав ре­ги­о­нал­на те­ле­ви­зи­ска се­ри­ја на са­мо 12 го­ди­ни, ко­ја ја про­ду­ци­рав во на­ред­ни­те го­ди­ни. По за­вр­шу­ва­ње­то на сред­но­то обра­зо­ва­ние – при­ват­но­то аме­ри­кан­ско учи­ли­ште „Ву­дроу Вил­сон“ (Woodrow Wilson) во Те­то­во, до­бив по­ка­на од САД да чле­ну­вам во Но­бе­ло­во­то на­ци­о­нал­но здру­же­ние за ви­со­ко­о­бра­зов­ни уста­но­ви, кое ги ре­гру­ти­ра са­мо нај­до­бри­те ма­ту­ран­ти од све­тот. Во здру­же­ни­е­то се вле­гу­ва са­мо со по­ка­на. По­ка­на­та стиг­на на мо­ја до­маш­на адре­са лич­но од Клејс Но­бел, вну­кот на Ал­фред Но­бел – ос­но­ва­чот на Но­бе­ло­ви­те на­гра­ди, ве­ро­јат­но врз ос­но­ва на мо­и­те до­стиг­ну­ва­ња на ра­на во­зраст. Со тоа ста­нав член на ед­но по­себ­но оп­штес­тво и здру­же­ние на ака­дем­ци, ла­у­ре­а­ти, но­бе­лов­ци. Од та­му дој­доа и по­ну­ди­те за сту­дии во САД. Но­бе­ло­ви­те на­гра­ди за мла­ди ги до­де­лу­ва Но­бе­ло­во­то на­ци­о­нал­но здру­же­ние за ви­со­ко­о­бра­зов­ни уста­но­ви на го­диш­но ни­во.На­гра­да­та ја до­би­ва­ат са­мо нај­до­бри­те чле­но­ви на ова здру­же­ние на свет­ско ни­во, ме­ѓу свет­ска кон­ку­рен­ци­ја. За да до­де­ли ед­на Но­бе­ло­ва на­гра­да за мла­ди, здру­же­ни­е­то разг­ле­ду­ва не­кол­ку фа­кто­ри: ака­дем­ски ус­пех, на­уч­ни или умет­нич­ки афи­ни­те­ти во одре­де­на об­ласт, ли­дер­ски спо­соб­но­сти, спо­соб­но­сти да ја мо­ти­ви­ра мла­ди­на­та, ка­ко и да ги про­па­ги­ра но­бе­ло­ви­те вред­но­сти за ед­на­квост и за мир пре­ку од­не­су­ва­ње­то и про­е­кти­те на сту­ден­тот, а ги оце­ну­ва и не­го­ви­те про­е­кти во об­ла­ста за ко­ја е за­ин­те­ре­си­ран. Во жи­ри­то има прет­став­ник од се­кој об­ласт – тоа се ре­но­ми­ра­ни свет­ски ими­ња, кои мо­жат ком­пе­тент­но да го про­це­нат та­лен­тот на но­ми­ни­ра­ни­те сту­ден­ти и са­мо не­кол­ку­ми­на се здо­би­ва­ат со на­гра­да за об­ла­ста во ко­ја по­ка­жу­ва­ат огром­ни ква­ли­те­ти и по­тен­ци­ја­ли и кон­крет­ни до­стиг­ну­ва­ња. Мо­ја­та на­гра­да е до­де­ле­на за дра­ма, ли­дерс­тво и ви­зи­ја за мо­е­то осум­го­диш­но не­про­фит­но тво­ре­ње на филм­ски и те­а­тар­ски про­е­кти во Те­то­во. Прет­став­ник на жи­ри­то од об­ла­ста на фил­мот и на те­а­та­рот е поз­на­ти­от хо­ли­вуд­ски оска­ро­вец Ед Ха­рис – актер, ре­жи­сер, про­ду­цент, сце­на­рист, кој ги про­це­ни мо­и­те про­е­кти.

igor-tomeski1

Мо­ја­та на­гра­да е до­де­ле­на за дра­ма, ли­дерс­тво и ви­зи­ја за мо­е­то осум­го­диш­но не­про­фит­но тво­ре­ње на филм­ски и те­а­тар­ски про­е­кти во Те­то­во, вели Томески

Што сту­ди­раш и што ра­бо­тиш во мо­мен­тов?

ТОМОСКИ: Сту­ди­рам те­а­тар­ска и филм­ска глу­ма и ре­жи­ја во Њу­јорк. Си­сте­мот на фа­кул­те­ти е фле­кси­би­лен и овоз­мо­жу­ва парт­нер­ски од­нос со по­ве­ќе ин­сти­ту­ции пред да ја до­би­е­те сво­ја­та дип­ло­ма, осо­бе­но за но­бе­лов­ци­те. Бев при­мен на Уни­вер­зи­те­тот во Њу­јорк, во Бо­стон и во не­кол­ку ре­но­ми­ра­ни драм­ски ака­де­мии ток­му во Њу­јорк ка­ко што се АМДА (AMDA) и „Аме­ри­кан дра­ма­ти­кал кон­зер­ва­то­ри“(American Dramatical Conservatory) во ма­ли кла­со­ви во кои има сил­на кон­ку­рен­ци­ја. Мо­мент­но, оваа го­ди­на из­вр­шу­вам дел од сту­ди­и­те во „Мен­хетн­вил ко­леџ“ (Manhattanville College), ка­де што ги имам нај­до­бри­те ус­ло­ви што ми се по­треб­ни во мо­мен­тов да ра­бо­там на мо­и­те про­е­кти, по­крај сту­ди­и­те. По за­вр­шу­ва­ње­то на про­е­кти­те, вра­ти­те оста­ну­ва­ат отво­ре­ни за дру­ги­те умет­нич­ки ин­сти­ту­ции во Њу­јорк.

Да­ли Но­бе­ло­ва­та на­гра­да за мла­ди но­си одре­де­ни бе­не­фи­ции и при­ви­ле­гии?Имаш ли не­кои по­себ­ни об­вр­ски?

ТОМОСКИ: Ка­ко единс­твен ма­ке­дон­ски но­бе­ло­вец, ос­ло­бо­ден сум од пла­ќа­ње шко­ла­ри­на на ре­но­ми­ра­ни аме­ри­кан­ски уни­вер­зи­те­ти врз ос­но­ва на мо­и­те до­стиг­ну­ва­ња. Во спро­тив­но, су­ма од не­кол­ку ми­ли­о­ни де­на­ри за це­лос­но шко­лу­ва­ње во САД е не­воз­мож­на за са­мо­фи­нан­си­ра­ње, пр­вич­но по­ра­ди раз­ликата во при­ма­ња­та во две­те зем­ји. Но­бе­ло­во­то здру­же­ние стои зад ме­не со сѐ што пра­вам во ид­ни­на, ка­ко зад мо­и­те сту­дии та­ка и зад мо­и­те про­е­кти. Си­те до­бит­ни­ци на пре­стиж­на­та на­гра­да беа оце­не­ти за нив­но по­чи­ту­ва­ње и спро­ве­ду­ва­ње на се­дум­те пра­ви­ла на Но­бел пре­ку нив­но­то од­не­су­ва­ње и де­ла. Се­дум­те пра­ви­ла се: пра­вил­на мис­ла, пра­ви­лен збор, пра­вил­но дејс­тву­ва­ње, пра­ви­лен став, пра­ви­лен на­чин на жи­вот, ов­де и се­га. Ка­ко но­бе­лов­ци, на­ша од­го­вор­ност е да про­дол­жи­ме со та­кви­от на­чин на жи­вот.

Жи­во­тот во Њу­јорк е мно­гу брз и ди­на­ми­чен, но си­гур­но има и уба­ви мо­мен­ти. Има­те ли не­ко­ја анег­до­та да ја спо­де­ли­те со јав­но­ста?

ТОМОСКИ: Ин­те­рес­но е ко­га по­ми­ну­ва­те низ Цен­трал Парк и се вр­ти­те да се уве­ри­те да­ли по­крај вас по­ми­нал актер од не­ко­ја се­ри­ја што сте ја гле­да­ле вче­ра. Ин­те­рес­на анег­до­та ми се слу­чи ток­му на те­а­тар­ска­та сце­на. Имав ау­ди­ци­ја со ре­жи­сер од Брод­веј – Том Фо­гар­ти, за те­а­тар­ска прет­ста­ва, на ко­ја тре­ба­ше да глу­мам и да пе­ам.Не зна­еј­ќи, сум ис­пе­ал еден аме­ри­кан­ски кла­сик со бал­кан­ски при­ме­си на пре­те­ра­но ви­бра­то. Тоа му се до­пад­на­ло на му­зич­ки­от ди­ре­ктор, кој по­мис­лил де­ка тоа го пра­вам по­ра­ди уни­ка­тен му­зич­ки пе­чат и ли­чен сти­ли­стич­ки из­бор, до­де­ка јас, не­до­вол­но за­поз­на­ен со му­зи­ка­та, не бев све­сен де­ка го пра­вам тоа. Хор­ски­от ди­ре­ктор ус­пе­ал ду­ри да го убе­ди и жи­ри­то и ре­жи­се­рот Фо­гар­ти да ме иск­лу­чи од нив­ни­те пла­но­ви за актер­ски уло­ги и да ме вклу­чи во му­зич­ки­от и хор­ски еле­мент за не­го­ви­те за­мис­ли, што и му ус­пеа. Бе­ше мал­ку збу­нет ко­га доз­на де­ка не­мам де­се­тго­диш­но му­зич­ко искус­тво, ка­ко што прет­по­ста­ву­ва­ше, и де­ка мо­јот ин­те­рес и из­бор беа актер­ски­те уло­ги во прет­ста­ва­та. Се за­ин­те­ре­си­ра за бал­кан­ска­та му­зи­ка, осо­бе­но на­род­на­та, па за­ед­но ја на­у­чив­ме и ис­пе­ав­ме „Зај­ди зај­ди“. Има­ме пре­крас­на из­вор­на му­зи­ка. Во овој свет­ски тренд на ко­ле­ктив­но­то и на гло­бал­но­то, не сме­е­ме да за­бо­ра­ви­ме да го по­чи­ту­ва­ме сопс­тве­но­то, до­маш­но­то, нај­до­бро­то.

igor-tomeski2

Со ре­жи­се­рот Фо­гар­ти заедно ја пеевме „Зајди, зајди“ на Бродвеј

Кои се тво­и­те пла­но­ви за во ид­ни­на­та?

ТОМОСКИ: Џон Ле­нон ве­ли: Жи­во­тот е тоа што ни се слу­чу­ва до­де­ка ние си пра­ви­ме свои пла­но­ви. Јас оста­вам жи­во­тот да ги открие сво­и­те из­не­на­ду­ва­ња до­де­ка јас си ги пра­вам сво­и­те пла­но­ви. Единс­тве­но што знам е де­ка ќе про­дол­жам да се за­ни­ма­вам со тоа што го ра­бо­там од ма­ли но­зе – тоа е фил­мот и те­а­тар, се­га ве­ќе про­фе­си­о­нал­но, и ќе го из­бе­рам ме­сто­то ка­де што ќе имам нај­до­бри ус­ло­ви за тоа. И ве­ру­вам де­ка ко­га ќе при­ста­пи­те и ра­бо­ти­те со искре­на љу­бов, ра­бо­ти­те са­ми ќе си дој­дат на свое ме­сто. Ако по­са­ку­ва­те да стиг­не­те до ус­пе­хот, пр­во тре­ба да се отка­же­те од тр­ка­та по не­го би­деј­ќи тоа ве пре­мо­ру­ва. Ра­бо­те­ње со љу­бов, це­не­ње­то на ра­бо­ти­те што ве­ќе ги има­те во жи­во­тот се нај­важ­ни­те ра­бо­ти, а ако сте бла­го­дар­ни, ра­бо­ти­те ква­ли­тет­но и тру­до­љу­би­во, ќе ги прив­ле­че­те ва­ши­те жел­би и ва­ши­от труд ќе исп­ли­ва на по­вр­ши­на по­ра­но или по­доц­на.

igor-tomeski3

Ќе има ли не­кое но­во де­ло, кое ќе го пре­зен­ти­раш пред сво­и­те со­гра­ѓа­ни во бр­зо вре­ме?

ТОМОСКИ: Се­ме­ста­ров ра­бо­тев на пост­про­дук­ци­ја на мо­јот нај­нов не­за­ви­сен игран филм „Иде­а­лиз­мот на мла­ди­от чо­век”, кој е дел од ин­тер­на­ци­о­нал­но на­гра­де­ни­те сце­на­ри­ја што ги пи­шу­вав на 15-16 го­ди­ни (кои не ус­пе­ав да ги ре­а­ли­зи­рам то­гаш) и се сни­ми во Те­то­во ова ле­то. Фил­мот ќе има сво­ја пре­ми­е­ра ка­ко во Њу­јорк и во Ма­ке­до­ни­ја. На 18 де­кем­ври Те­то­во го прос­ла­ву­ва до­би­ва­ње­то на го­ди­наш­на­та Но­бе­ло­ва на­гра­да за мла­ди ка­ко град со единс­твен но­бе­ло­вец во Бал­ка­нот. По­крај до­ку­мен­та­рен филм за ме­не, фил­мот пре­ми­ер­но има сво­ја ки­но­пре­ми­е­ра. На­ста­нот се слу­чу­ва во до­мот на кул­ту­ра­та во 19 ча­сот и е од на­ци­о­на­лен ка­ра­ктер, па си­те се до­бре­дој­де­ни.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: при­ват­на ар­хи­ва

(интервјуто е објавено во 223. број на неделникот „Република“ кој излезе во печат на 9.12.2016)

Top