сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Трае 9 часа, се стражари со дрон и автомати: Ќе го положите ли најтешкиот приемен испит?

За кинескиот годишен приемен испит на Државниот колеџ уште познат како „Гаокао“,  потребни се 12 години подготовка. Многу тежок, а трае 9 часа.

_83510648_026713540-1

Се полага кинески јазик, странски јазик, математика, наука и уметност. Тестот содржи комбинација на прашања со избор, кратки одговори и есеи. Минатата година, набљудувачите дури употребувале и дрон за да откријат ако некој препишува.

Еве неколку примери од прашањата:

_83510650_027612729-1

1.    Напишете есеј на еден од насловите со минимум 700 зборови:

А) Постојат неколку херои во кинеската историја кои се вистински примери. Напишете есеј со наслов „Ако ми беше дадена шанса за да поминам еден ден со мојот херој“. Одбете херој и замислете дека поминувате ден со него.

_83510652_027612730-1

2. За кој предмет чувствувате “длабока страст во душата?“ Можете да одберете растение, животно или орудие.
_83510646_gettyimages-450209728
2. Одберете прашање за да одговорите со минимум 150 зборови

А)  Дадете осврт за кинески класик

Б) Напишете поема за „круг“

В) Коментирајте го нецивилизираното однесување во Пекинг

_83502567_027605172-1

3. Напишете есеј според следново :

Кој мислите дека е најгламурозна личност? Биотехнолог кој водел интернационално истражување со својата компанија, просечен заварувач кој се здобил со интернационална слава преку својата работа или фотограф кој добива позитивни критики ширум светот заради серија фотографии?

4. Наставник побарал од своите студенти да набљудуваат пеперутки под микроскоп. Прво, мислеле дека пеперутките се разнобојни, но кога ќе погледнеле поубаво, сфаќале дека пеперутките всушност се безбојни. Напишете есеј врз основа на оваа приказна.

5. Што се случило во Советска Русија во 1920-те?

А) Приватните претпријатија почнале да се појавуваат

Б) Државните бизниси имале поголема автономија

В) Владата ја забранила продажбата на храна

Г) Селаните биле активни во колективното земјоделство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top