среда, 22 февруари 2017 | Вести денес: 97 ново

Запленети четири килограми марихуана на Деве Баир

zapleneta-marihuana

На граничниот премин Деве Баир царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 4 килограми марихуанa.

На 7 декември 2016 година, околу 20:00 часот на излез од Македонија на граничниот премин Деве Баир пристигнал автомобил со бугарски регистарски ознаки управуван од лицето З.Ј. (53) косовски државјани. При прегледот на возилото, од долната страна во пределот на резервоарот за гориво, царинските инспектори забележале дека нешто е преправано. При контрола на внатрешноста на резервоарот, покрај горивото биле пронајдени и 20 вакумирани проѕирни кеси наполнети со наркотична дрога марихуана, со тежина од 4 килограми. Во разговор со осомничениот, утврдено е дека со патничкото возило со бугарски регистарски ознаки, кое не е негова сопственост, се упатил од Бугарија преку Косово кон Албанија каде била натоварена дрогата, со намера да ја пренесе во Истанбул – Турција.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство.

Top