четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 80 ново

Се појавија бремени кукли (ФОТО+ВИДЕО)

Стереотипите околу доењето се вообичаени. Но, оваа жена и мајка верува дека е време тие да бидат урнати, така што се обидува да им помогне на децата подобро да го разберат доењето и мајчинството.

trudni-barbiki-4
Бети Страхан од Брисбејн го претворила нејзиното некогашно хоби во бизнис, продавајќи на интернет бремени кукли, кукли доилки или, пак, кукли родители. Оваа 28-годишна мајка, пред четири години почнала да ги креира куклите за нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години. Сепак, таа веднаш ја претворила својата идеја во бизнис.

trudni-barbiki-3

Би му дозволиле ли на вашето дете да си игра со бремена кукла и кукла доилка?

Откако почнала да ги продава куклите доилки на интернет, тие се покажале како многу популарни.

trudni-barbiki-2

 

Иако популарноста е добра вест за неа, оваа жена верува дека најважното нешто е тие да помогнат при едукацијата на децата дека сите жени не треба да изгледаат исто и дека не секое дете е родено со руса коса и сини очи.

trudni-barbiki-1

 

Освен за подигнување на свеста за разликите што постојат, овие кукли, исто така, помагаат да се нормализира сфаќањето за доењето кај многу млади девојки. Погледнете го видеото да дознаете нешто повеќе за оваа идеја…

Top