вторник, 28 март 2017 | Вести денес: 19 ново

Вкусно, евтино и посно – норвешка салата (РЕЦЕПТА)

Здрава и вкусна салата …

Потребно е:
2 поголеми цвекла
иста количина тиква
1 поголем сладок компир

за посипување:
10-20 гр исчистени ф’стаци
10-20 гр семки од сончоглед
10 гр семки сусам
1/2 кесичка ким
1 чешне лук
1/2 лажиче сол
20 мл маслиново масло или масло од сусам

Подготовка:
– Измијте го и излупете го цвеклото. Исечете го на коцки.

– Исчистете ја тиквата и компирот излупете го и исечете ги на коцки.

– Во тава ставете хартија за печење и распоредете ги состојките на хартијата.

– Посолете, додадете ги семките и иситнетиот лук и посипете со масло. Измешајте.

salata

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.

Top