вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 134 ново

Пристигнува новата опрема во „Злетово“

Во рудникот Злетово ангажирани се околу 300 работници, а се очекува бројката да достигне до илјада кои, како според најавите концесионерот, ќе работат во современи безбедни услови и ќе примаат повисоки плати.

Еден од најстарите рудници за цинк и олово „Злетово“ на денот на рударите 28 август го рестартираше своето производство. Денес, премиерот Емил Димитриев објави фотографии од новата опрема која е пристигната во рудникот.
dimitriev-zletovo
Инвестицијата на бугарски „Минстрој“, кој исто така ја има добиено и концесијата за рудникот „Тораница“ кој денес беше рестартиран, е 20 милиони евра. Во рудникот Злетово ангажирани се околу 300 работници, а се очекува бројката да достигне до илјада кои, како според најавите концесионерот, ќе работат во современи безбедни услови и ќе примаат повисоки плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top