недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 63 ново

Разобличен обидот за смена на Митревски со фалсификат – цврсти докази потврдуваат дека тој е легитимен претседател на ССМ

Намерата на Фросина Ташевска Ременски за насилни смени во раководството на Сојузот на синдикати на Македонија во координација со четворица претседатели на гранкови синдикат, е целосно е разобличена. На надлежните органи им останува да ги превземат законските мерки за утврдување одговорност и санкционирање на учесниците.

Тринаесет гранкови синдикати во рамки на ССМ испратиле писма во кои најодговорно тврдат дека во нивниот синдикат не била разгледувана иницијатива за отповикување на Живко Митревски како претседател на ССМ и дека нивните членови во Советот на ССМ воопшто не учествувале фамозниот Совет од 13.11.2016 на кој се фалсификуваат исправи.

dok1

dok2

dok3

dok4

dok5

dok6

dok7

dok8

dok9

dok10

dok11

dok12

dok13

Со овие докази се потврдува фактот дека Митревски ужива поддршка од 13 гранкови синдикати од вкупно 17 што претставува апсолутно мнозинство. Овие 13 синдикати потврдија дека и писмено дека органите на ССМ немале седница со точка на разгледување за отповикување на легитимниот избран претседател. Овде објавуваме дел од нив.

Претседателите на четирите гранкови синдикати кои фалсификувале смена на Митревски важат за блиски до СДСМ и техничката министерка за труд и социјална политика. Истите преку ноќ газејќи ги статутарните процедури со фалсификат се обиделе да направат смени со поддршка на Ташевска Ременски која без комплетна документација потпишала решение за промена на легално избраниот претседател на ССМ.

Сојузот на синдикати на Македонија експресно реагираше при што поднесе кривични пријави против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикати за сторени кривични дела. злоупотреба на службената положба и овластување пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело
договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 за n злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 од Кривичниот законик.

Во Јавното обвинителство кривичните пријави веќе се разгледувале и биле превземени првите мерки.  Предметот бил земен од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените кои се направени во незаконска и легитимна процедура бидејќи постоеле основани сомненија за сторени фалсификати и незаконска работа.

За утврдување на фактичката состојба со земање на изјави од инволвираните лица. Во овој случај направени се повеќе кривични дела како: кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казнивопо член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 од Кривичниот законик.

За сторените кривични дела може да следи казна затвор и до 13 години.

Top