вторник, 24 октомври 2017 | Вести денес: 31 ново

Петрески: Никогаш да не исчезне детето во мене и од мене

Ед­на­кво е од­го­вор­но и те­шко да се пи­шу­ва за де­ца­та и за мла­ди­те. Ту­ка не­ма ве­штач­ки ри­ми, не­и­скре­ност и пот­це­ну­ва­ње, на­про­тив, за­што кај де­ца­та не по­ми­ну­ва кон­струк­ци­ја­та, ла­га­та и не­и­скре­но­ста. Тие вед­наш ка­ко де­те­кто­ри пре­поз­на­ва­ат кој е кој и што е што, ве­ли Пе­тре­ски

Хри­сто Пе­тре­ски е пи­са­тел, филм­ски, ли­те­ра­ту­рен и те­а­тар­ски кри­ти­чар, из­да­вач. Тој е ос­но­вач е и ди­ре­ктор на из­да­вач­ка­та ку­ќа „Фе­никс“ и на Фон­да­ци­ја­та „Ма­ке­до­ни­ја пре­зент“ – Скоп­је, исто та­ка, тој е еден од ос­но­ва­чи­те на спи­са­ни­е­то „Сто­жер“, на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Праз­ник на ли­пи­те“ и гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на спи­са­ни­е­то „Кни­жев­на ака­де­ми­ја“. Во­нре­ден про­фе­сор е и ди­ре­ктор на Ин­сти­ту­тот за сцен­ски умет­но­сти на Уни­вер­зи­те­тот ЕСРА – Скоп­је. Автор е на го­лем број ли­те­ра­тур­ни де­ла, ко­лум­ни во днев­ни­те вес­ни­ци, кри­ти­ки… и до­бит­ник е на мно­гу­број­ни на­гра­ди во зем­ја­ва и во странс­тво.

 

Не­о­дам­на об­ја­ви­вте „Ма­ни­фест за ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца и за мла­ди“. Ка­же­те ни за што по­точ­но ста­ну­ва збор?

Пе­тре­ски: Есен­ва бев во Сме­де­ре­во на „Сме­де­рев­ска по­ет­ска есен“, ма­ни­фе­ста­ци­ја што е по­де­ле­на на два де­ла: за во­зрас­ни и за де­ца. Јас учес­тву­вав во де­лот за во­зрас­ни, но при­сус­тву­вав и во де­лот на­ме­нет за најм­ла­ди­те. Тоа тре­ба да се ви­ди и да се до­жи­вее. Пол­на са­ла со де­ца, кои не се до­ве­де­ни ту­ка са­мо за да при­сус­тву­ва­ат, ту­ку учес­тву­ва­ат и се нас­ла­ду­ва­ат. Ви­стин­ска, пре­крас­на и не­ве­ро­јат­на ин­те­рак­ци­ја ме­ѓу нив ка­ко пуб­ли­ка и истак­на­ти­те пи­са­те­ли што учес­тву­ва­ат. Беа ту­ка Ви­те­зо­виќ, Ода­ло­виќ, Ќу­ла­фиќ, Поп Ѓур­ѓев и по­ве­ќе дру­ги. По чи­та­ње­то имав­ме сред­ба и на ру­чек-сред­ба­та еден од нив ми ре­че де­ка на пла­нот на ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца и за мла­ди во Ма­ке­до­ни­ја и во Бу­га­ри­ја не се слу­чу­ва ни­што но­во. За жал, тоа е точ­но, но отка­ко се вра­тив во Ма­ке­до­ни­ја не мо­жев и сѐ уште не мо­жам да се по­ми­рам со таа кон­ста­та­ци­ја, уште по­ве­ќе што е тоа та­ка не со го­ди­ни, ту­ку со де­це­нии. За­тоа, ин­тен­зив­но ја пи­шу­вав по­ет­ска­та кни­га за де­ца и за мла­ди „Би­ди ѕвез­да“, ко­ја ќе из­ле­зе од пе­чат де­но­ви­ве. Таа кни­га ќе би­де не са­мо те­мел и ка­мен-меѓ­ник во мо­е­то тво­реш­тво за де­ца и за мла­ди, ту­ку и мно­гу по­ши­ро­ко. Но, на­бр­зо по­тоа, отка­ко ја пре­да­дов кни­га­та „Би­ди ѕвез­да“ во пе­чат, еден но­ем­ври­ски ден, ка­ко и обич­но, дој­дов ра­но на­у­тро на ра­бо­та и пр­во што на­пра­вив го на­пи­шав ма­ни­фе­стот за ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца и за мла­ди ЗА СЕГАШНИТЕ И ИДНИ ДЕЦА. Ре­шив прв да го про­чи­та и пот­пи­ше, се раз­би­ра ако се сог­ла­су­ва, пи­са­те­лот Трај­че Ка­ца­ров од Штип, кој вед­наш се сог­ла­си и ре­че де­ка е до­бро да ос­но­ва­ме и гру­па, ко­ја тој ја на­ре­че „Но­ви штур­ци“, а ме­не, исто та­ка, мно­гу ми се до­пад­на тоа име и го при­фа­тив. Па, де­но­ви­ве, оти­дов уште не­кол­ку че­ко­ри по­на­та­му и ве­ќе ја под­го­тву­вам Ан­то­ло­ги­ја­та на нај­со­вре­ме­на по­е­зи­ја за де­ца и за мла­ди „Но­ви штур­ци“, ко­ја ќе би­де об­ја­ве­на на­ско­ро и, се раз­би­ра, ќе би­де про­мо­ви­ра­на со си­те авто­ри – но­ви штур­ци. А, ме­сто ко­мен­тар за ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца и за мла­ди кај нас, би­деј­ќи е кра­ток, ќе го ци­ти­рам и це­ли­от ма­ни­фест:

  1. Има ед­на до­бра вест: на ма­ке­дон­ска­та поч­ва из­ник­на уште еден ма­ни­фест!
  2. Но, не дек­ла­ми­ра­ња, дек­ла­ра­ции и тра­кта­ти, ту­ку (за) но­ви идеи, твор­би и фа­кти!
  3. До­де­ка е де­те­то сѐ уште во нас, до­де­ка љу­бо­пит­но ѕир­ка со очи­ња­та и ги по­да­ва ра­чи­ња­та ба­рај­ќи нов воз­дух и по­и­на­ква кли­ма – за се­гаш­ни­те и ид­ни рож­би на­деж ќе има!
  4. Но, ако не мо­же­ме вре­ме­то да го пре­ста­са­ме – бр­за­ме ба­рем не­ко­гаш и не­ка­де на­вре­ме да ста­са­ме!
  5. Без ди­да­кти­ки за­ста­ре­ни, пет­па­рач­ки ри­ми и па­ро­ли ма­ло­ум­ни – ви­стин­ска и све­жа хра­на за де­ца­та со­вре­ме­ни и пре­ум­ни!
  6. Пес­на­та е игра, дра­ма­та е (раз)го­вор, рас­ка­зот е бај­ка – збо­ро­ви се тоа од на­ши­от пра­де­до, пра­ба­ба, но и та­тко и мај­ка!
  7. На дет­ско­то не­бо да зас­ја­ат сал круп­ни и свет­ли ѕвез­ди, до­де­ка ве­те­рот е не­ми­рен и езер­ски­от бран ез­ди.
  8. Ко­њот од­сед­лан и без уз­ди не­ка јур­не по по­ли­ња но­ви шир­ни, сред мис­ли воз­бу­де­ни и не­мир­ни, со џи­нов­ски стап­ки ле­ко­крил­ни, па (и) во на­ши­от двор – не­ка се раз­бу­ди нов сон и збор!
  9. Де­те­то е умор­но од че­ка­ње, со­ну­ва не­кој друг и нов ден и гле­да – пред про­зо­ре­цот из­ник­нал и цу­ти нов и убав п(р)оле­тен дрен!
  10. Но, до­ста беа соб­лаз­ни и фра­зи, ди­кта­ти и ма­ни­фе­сти – вре­ме е во бр­за­та и не­мир­на ре­ка – нов по­род и ра­дост од де­ла да се мре­сти!

Во на­со­ка на афир­ма­ци­ја и на пре­зен­та­ци­ја на ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца об­ја­ви­вте кон­курс за илу­стра­ции за бај­ки­те на Шарл Пе­ро, Оскар Вајлд, Ханс Кри­сти­јан Ан­дер­сен, бра­ќа­та Грим, но и за ма­ке­дон­ски­те на­род­ни при­каз­ни, „Шту­ре­цот и мра­вки­те“… Што се под­го­тву­ва? На по­ви­док ли се но­ви, по­кре­а­тив­ни из­да­ни­ја? – Да, Из­да­вач­ка­та ку­ќа „Фе­никс“, за­ед­но со Фон­да­ци­ја­та за кул­тур­на и на­уч­на афир­ма­ци­ја и пре­зен­та­ци­ја „Ма­ке­до­ни­ја пре­зент“, рас­пи­шаа кон­курс за но­ви илу­стра­то­ри и илу­стра­ции и оче­ку­ва­ме де­ка кре­а­тив­ни­от цен­тар „Фе­никс“ ќе има пол­ни ра­це ра­бо­та и мно­гу но­ви кре­а­тив­ни и прив­леч­ни из­да­ни­ја. За таа цел, ги ани­ми­рав­ме и по­ка­нив­ме и вос­пи­ту­вач(к)ите од гра­дин­ки­те во Скоп­је и ре­пуб­ли­ка­та да соз­да­дат и да по­ну­дат за пуб­ли­ку­ва­ње но­ви, кре­а­тив­ни и не­оп­ход­ни из­да­ни­ја.

Ќе ре­че­те де­ка „по­е­зи­ја­та за де­ца по­не­ко­гаш се тре­ти­ра ка­ко мно­гу лес­на, ед­но­став­на, ин­фан­тил­на, со дет­ски ја­зик на­пи­ша­на, го­вор што се изра­зу­ва со сли­ки, а всуш­ност пи­шу­ва­ње­то за де­ца е чист естет­ски и, пред сѐ тво­реч­ки чин, по­не­ко­гаш па­ту­ва­ње низ не­воз­мож­но­то, или на­дре­ал­но­то, уто­пи­ско­то….“ Пи­шу­ва­те ли по­е­зи­ја за де­ца?
Пе­тре­ски: Јас сум автор не са­мо за во­зрас­ни, ту­ку и за де­ца. Ед­на­кво е од­го­вор­но и те­шко да се пи­шу­ва за де­ца­та и за мла­ди­те. Ту­ка не­ма ве­штач­ки ри­ми, не­и­скре­ност и пот­це­ну­ва­ње, на­про­тив, за­што кај де­ца­та не по­ми­ну­ва кон­струк­ци­ја­та, ла­га­та и не­и­скре­но­ста. Тие вед­наш ка­ко де­те­кто­ри пре­поз­на­ва­ат кој е кој и што е што… До­бит­ник сум на нај­ви­со­ки­те на­гра­ди кај нас за ли­те­ра­ту­ра за де­ца и за мла­ди: „Ван­чо Ни­ко­ле­ски“ и „Ва­сил Ку­но­ски“, но и по­ве­ќе дру­ги, а мо­јот ро­ман „Де­те­то што са­ка­ше да ста­не пче­ла“ го об­ја­ви ед­на од во­деч­ки­те из­да­вач­ки ку­ќи во Хр­ват­ска – „Ал­фа“, во тврд по­вез и со спе­ци­јал­ни илу­стра­ции за тоа из­да­ние. Про­дол­жу­вам и ќе про­дол­жам да соз­да­вам кни­ги за де­ца и за мла­ди, не са­мо за­тоа што сѐ уште се чув­ству­вам ка­ко ед­но го­ле­мо де­те, ту­ку за де­те­то во ме­не ни­ко­гаш да не ис­чез­не…

hristo-petreski-kult222-2

Ка­ко дол­го­го­ди­шен автор, кри­ти­чар и из­да­вач ка­ков е Ва­ши­от став за со­стој­би­те во ли­те­ра­ту­ра­та кај нас?

Пе­тре­ски: Со­стој­ба­та во­оп­што не е до­бра и оп­ти­ми­стич­ка. Пи­са­те­ли­те не се чи­та­ат ме­ѓу се­бе­си, за­што не се чи­та­ат ни са­ми­те се­бе­си. Нај­го­лем проб­лем се­га не е об­ја­ву­ва­ње­то и хо­но­ра­ри­те, ту­ку не­чи­та­ње­то и не­по­сто­е­ње­то кни­жев­на кри­ти­ка. А, штом не­ма ни­ка­ков одг­лас за ед­на кни­га – таа е исто ка­ко и да не е об­ја­ве­на. „Фејс­бук“ ста­на ре­чи­си ед­но и единс­тве­но, ка­кво-та­кво, сре­ди­ште и чи­та­ли­ште, ка­де што цир­ку­ли­ра­ат са­мо­по­фал­бе­ни ин­фор­ма­ции, па и твор­би. И по­на­та­му по­сто­јат по­дел­би и кла­но­ви, се ме­стат и се де­лат на­гра­ди, па и на­ци­о­нал­ни пен­зии и дру­ги при­ви­ле­гии и приз­на­ни­ја. Пи­шу­ва­ње­то и кни­га­та се не­шта без кои се мо­же! Вла­дее ха­ос и инер­ци­ја, изо­ли­ра­ни сме и мар­ги­на­ли­зи­ра­ни, не ко­му­ни­ци­ра­ме со кул­тур­ни­те сре­ди­ни од Бал­ка­нот, Евро­па и од све­тот. Тоа е са­мо по­вре­ме­но и сим­бо­лич­но, па да не е тра­гич­но – би би­ло смеш­но.

 

Во пос­лед­но вре­ме се по­ја­ву­ва­те и со сопс­тве­ни ли­ков­ни де­ла, иа­ко по­ши­ро­ка­та јав­ност Ве знае ка­ко автор на ро­ма­ни. Од ка­де љу­бо­вта кон сли­ка­ње­то? Има­вте ли из­лож­би до се­га?

Пе­тре­ски: Пи­шу­вам од нај­ра­ни дет­ски де­но­ви и об­ја­ву­вам, па и до­би­вам и на­гра­ди и приз­на­ни­ја за тоа. Исто та­ка, уште од де­те цр­там и сли­кам, но нај­ин­тен­зив­но и нај­се­ри­оз­но со сли­карс­тво се за­ни­ма­вам пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни. До­се­га имам по­ве­ќе од 15 са­мо­стој­ни из­лож­би во зем­ја­ва и во странс­тво. Сли­кав и во Бра­тис­ла­ва (Сло­вач­ка), но и во Врањ­ска Ба­ња (Ср­би­ја), на Ме­ѓу­на­род­на ли­ков­на ко­ло­ни­ја во Пе­лин­це (Ку­ма­нов­ско), но и на по­ве­ќе дру­ги ме­ста… Имав из­лож­би во: Скоп­је, Би­то­ла, Ра­до­виш, При­леп, Де­мир Ка­пи­ја, Не­го­ти­но, Ка­ва­дар­ци, Ре­сен, Ку­ма­но­во и во по­ве­ќе дру­ги До­мо­ви на кул­ту­ра­та во на­ша­ва ре­пуб­ли­ка. До­бив по­ка­ни и за из­лож­би и за го­сту­ва­ња и во странс­тво. Ме­ѓу­на­род­но­то спи­са­ние „Ди­о­ген про кул­ту­ра“ от­ста­пи цел еден број од 150 стра­ни­ци за мо­е­то сли­карс­тво… По­ве­ќе свои кни­ги се­га илу­стри­рав со мои илу­стра­ции, мо­јот дом и ател­је се­га се, глав­но, со мои сли­ки, ра­бо­там ин­тен­зив­но и тоа е ед­на од мо­и­те нај­го­ле­ми тво­реч­ки и кре­а­тив­ни ра­до­сти…

Разговараше: Невена Поповска
(Текст објавен во 222. број на неделникот „Република“, 2.12.2016)

Top