недела, 20 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Нацоски: Постојано го остварувам мојот сон!

Од ма­ли но­зе са­кав да би­дам опер­ски пе­јач што ќе на­ста­пу­ва на­се­ка­де низ све­тот и тоа се ос­тва­ри и по­сто­ја­но се ос­тва­ру­ва. Ду­ри не ве­ру­вав де­ка ќе на­ста­пам и во не­кои да­леч­ни и не­се­којд­нев­ни ме­ста, ка­ко, на при­мер, Ма­као или Мон­те­ви­део во Уру­гваj

Бла­гој На­цо­ски е ро­ден во се­мејс­тво на му­зи­ча­ри. Уште од нај­ра­на во­зраст по­ка­жу­вал осо­бен та­лент и афи­ни­те­ти кон му­зи­ка­та и таа ста­ну­ва не­го­ва жи­вот­на опре­дел­ба. Се шко­лу­вал во Ита­ли­ја и во Шпа­ни­ја и вед­наш поч­нал да на­ста­пу­ва. Опер­ско­то де­би го имал на сце­на­та на Опе­ра­та во Рим и от­то­гаш не­го­ва­та ка­ри­е­ра поч­на­ла бр­зо се раз­ви­ва на сце­ни­те низ це­ли­от свет. Во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет на­ста­пи во пре­ми­е­ра­та на „Се­вил­ски­от бер­бер“, а нам ни ги откри актив­но­сти­те во Ита­ли­ја, го­сту­ва­ња­та во Ки­на…

 

По пре­ми­е­ра­та на опе­ра­та „Се­вил­ски­от бер­бер“ во октом­ври, по­втор­но ќе на­ста­пи­те на сце­на­та на МОБ во уло­га­та на гро­фот Ал­ма­ви­ва. Кри­ти­ки­те за прет­ста­ва­та беа од­лич­ни, Вие, мај­стор на сце­на­та, а пуб­ли­ка­та бе­ше за­до­вол­на и од из­во­нред­на­та ре­жи­ја на Ур­су­ла Хор­нер и од ко­сти­ми­те и од сце­но­гра­фи­ја­та на Ма­ри­ја Ве­те­ров­ска и Ма­ри­ја Пу­пу­чев­ска. Ка­же­те ни да­ли Вие сте за­до­вол­ни од пре­ми­е­ра­та? Ка­кви се Ва­ши­те впе­ча­то­ци?

На­цо­ски: Ге­не­рал­но, мо­жам да ка­жам де­ка сум за­до­во­лен од пре­ми­е­ра­та, а осо­бе­но по­ра­ди фа­ктот што не­кол­ку де­на пред пре­ми­е­ра­та бев „жр­тва“ на еден си­лен фа­рин­ги­тис, па мо­жам да ка­жам ду­ри и де­ка бе­ше чу­до што ја из­др­жав прет­ста­ва­та. Во се­кој слу­чај ми по­мог­на и 14-го­диш­но­то искус­тво на сце­на­та, а осо­бе­но фа­ктот што гро­фот Ал­ма­ви­ва го имам ис­пе­а­но до­се­га ре­чи­си осум­де­сет па­ти. Пре­крас­ни­те ко­мен­та­ри и по­ра­ки по прет­ста­ва­та не стив­наа во пер­и­о­дот по­тоа, та­ка што тоа ка­жу­ва де­ка сме на­пра­ви­ле до­бра ра­бо­та со мо­и­те ко­ле­ги во МОБ. Ед­вај че­кам по­втор­но да ја от­пе­ам иста­та опе­ра пред пуб­ли­ка­та во МОБ.

blagoj-nacoski-3

Тре­ба­ше да би­де­те дел и од ти­мот на опе­ра­та „Евге­ниј Оне­гин“, но ре­ко­вте де­ка по­ра­ди пре­за­фа­те­ност се пла­ши­те де­ка не­ма да стиг­не­те на­вре­ме да ја на­у­чи­те уло­га­та или, пак, да ја сов­ла­да­те она­ка ка­ко што Ви на­ло­жу­ва­ат лич­ни­те кри­те­ри­у­ми. Кол­ку вре­ме е по­треб­но, спо­ред Вас, за да се под­го­тви уло­га? Ка­ко Вие ги под­го­тву­ва­те уло­ги­те?

На­цо­ски: Се раз­би­ра за­ви­си од уло­га­та и за­ви­си од тоа што дру­го пе­ам во мо­мен­тот ко­га тре­ба да учам но­ва уло­га. Јас во овие ме­се­ци пе­ам по­сто­ја­но го­ле­ми, од­нос­но глав­ни уло­ги и во мо­мен­ти­те на од­мор, на­ви­сти­на, ми е те­шко да се по­све­там на уште ед­на уло­га, а уло­га­та на Лен­ски во „Евге­ниј Оне­гин“ е не­што но­во за ме­не од по­ве­ќе глед­ни точ­ки. Име­но, ни­ко­гаш не сум пе­ел ру­ски ре­пер­то­ар и би са­кал при изу­чу­ва­ње­то на оваа уло­га да се по­све­там по­те­мел­но за да ја из­ве­дам ка­ко што јас са­кам или, пак, приб­лиж­но та­ка. Всуш­ност, ова е втор­пат да ја отка­жам иста­та уло­га во МОБ би­деј­ќи јас бев пред­ви­ден да ја пе­ам са­ма­та пре­ми­е­ра на отво­ра­ње­то на ово­го­диш­ни­те „Мај­ски опер­ски ве­че­ри“, но и то­гаш по­ра­ди пре­за­фа­те­ност мо­рав да ја отка­жам. На­ји­скре­но, се на­де­вам во те­кот на 2017 го­ди­на, ко­неч­но, да ја от­пе­ам, еве не­ка би­де, ка­ко што се ве­ли на­род­ски, тре­та сре­ќа. Ина­ку, ту­ка би са­кал да спом­нам де­ка прет­ста­ва­та на „Се­вил­ски­от бер­бер“ е еден вид за­ме­на за мо­е­то отка­жу­ва­ње на „Евге­ниј Оне­гин“. Не са­кав во ни­кој слу­чај да ја из­не­ве­рам мо­ја­та пуб­ли­ка во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја по­сто­ја­но ми изра­зу­ва тол­ку топ­ли­на.

blagoj-nacoski-4

Вие сте нај­а­фир­ми­ра­ни­от ма­ке­дон­ски опер­ски пе­јач (те­нор) во све­тот. Сте на­ста­пу­ва­ле на мно­гу свет­ски сце­ни, а во мо­мен­тов ра­бо­ти­те во „Ла Ска­ла“ во Ми­ла­но. Го ос­тва­ри­вте ли со­нот? Што Ви бе­ше нај­го­лем пре­диз­вик уште од нај­ма­ли но­зе? Да­ли ус­пе­а­вте да го ос­тва­ри­те тоа?

На­цо­ски: „Ла Ска­ла“, на­ви­сти­на, прет­ста­ву­ва нај­у­ба­ви­от мо­мент од мо­јот про­фе­си­о­на­лен жи­вот. Не­што што ќе оста­не дла­бо­ко вре­жа­но во ме­не во те­кот на це­ли­от жи­вот. Мо­жам сло­бод­но да ка­жам де­ка го ос­тва­рив мо­јот сон, но мо­же­би уште по­точ­но би би­ло да се изра­зам на след­ни­от на­чин: јас по­сто­ја­но го ос­тва­ру­вам мо­јот сон. Од ма­ли но­зе са­кав да би­дам опер­ски пе­јач што ќе на­ста­пу­ва на­се­ка­де низ све­тот и тоа се ос­тва­ри и по­сто­ја­но се ос­тва­ру­ва. Ду­ри не ве­ру­вав де­ка ќе на­ста­пам и во не­кои да­леч­ни и не­се­којд­нев­ни ме­ста, ка­ко, на при­мер, Ма­као или, пак, Мон­те­ви­део во Уру­гвај.

Од 2008 го­ди­на сте ма­ке­дон­ски ам­ба­са­дор на кул­ту­ра­та во Ита­ли­ја, но, исто та­ка, сте вклу­чен и во ита­ли­јан­ско­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти ме­ѓу ли­ца­та што ја ши­рат ита­ли­јан­ска­та кул­ту­ра и ита­ли­јан­ски­от ја­зик во све­тот. На ка­кви про­е­кти ра­бо­ти­те за ши­ре­ње на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, но и на ита­ли­јан­ска­та кул­ту­ра и ја­зик?
На­цо­ски: Во мо­мен­тов ра­бо­там, пред сѐ, на тоа ве­ќе поз­на­ти­те „Се­дум пес­ни од свет­ли­на и прав“ (му­зи­ка на Ан­џе­ло Инг­ле­зе, текст на Ни­ко­ла Ма­џи­ров), три па­ти из­ве­де­ни во Ита­ли­ја на ма­ке­дон­ски ја­зик, да ја до­жи­ве­ат и сво­ја­та ма­ке­дон­ска пре­ми­е­ра. Мис­лам де­ка тоа ќе се слу­чи на „Де­но­ви­те на ма­ке­дон­ска му­зи­ка“ след­ни­от април. Исто­вре­ме­но на 3 де­кем­ври под мое по­кро­ви­телс­тво ка­ко ам­ба­са­дор на кул­ту­ра­та, а во ор­га­ни­за­ци­ја на МОБ, ќе има ре­ци­тал, еден из­во­нре­ден ита­ли­јан­ски кон­тра­те­нор со ба­рок­на про­гра­ма. Ина­ку, осо­бе­но ме ра­ду­ва фа­ктот што оваа го­ди­на имав мож­ност да го­во­рам на ед­на кон­фе­рен­ци­ја во ита­ли­јан­ски­от пар­ла­мент во Рим, ка­ко прв Ма­ке­до­нец на кој му се ука­жа­ла та­ква мож­ност во исто­ри­ја­та. Што се од­не­су­ва до ита­ли­јан­ска­та кул­ту­ра и ја­зик, би ре­кол де­ка тоа го пра­вам по­сто­ја­но би­деј­ќи нај­го­ле­ми­от број уло­ги кои ги пе­ам низ све­тот се на ита­ли­јан­ски ја­зик.

blagoj-nacoski-2

Во Ли­вор­но има­вте пре­ми­е­ра на „Вол­шеб­на­та флеј­та“, а во Ми­ла­но во еден но­во­на­пи­шан ре­кви­ем прет­ход­но на­ста­пи­вте во „Ту­ран­дот“ во Ма­као, но Ве оче­ку­ва­ат и на­ста­пи во Ки­на. Има­те мош­не на­би­е­на аген­да. Ка­ко ус­пе­ва­те? Да­ли со те­кот на вре­ме­то се стек­ну­ва кон­ди­ци­ја или има­те не­ко­ја Ва­ша тај­на?

На­цо­ски: Ве­ро­јат­но, мо­ја­та тај­на, од­нос­но нај­го­ле­ма­та кон­ди­ци­ја ја цр­пам од тоа што ја ра­бо­там оваа про­фе­си­ја со огром­на љу­бов и по­све­те­ност. Јас не знам да ја нај­дам гра­ни­ца­та по­ме­ѓу „ра­бо­та“ и „страст“ ко­га се ра­бо­ти за мо­е­то пе­е­ње. Ина­ку, се раз­би­ра де­ка е би­тен и здра­ви­от жи­вот, од­нос­но спор­ту­ва­ње и пра­вил­на ис­хра­на.

 

На­ја­ви­вте на­ста­пи след­на­та го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја. Што се под­го­тву­ва?

На­цо­ски: Кон кра­јот на ја­ну­а­ри ќе на­ста­пам во Мо­цар­то­ви­от „Дон Џо­ва­ни“ во МОБ, а во фе­вру­а­ри ќе одр­жам и ре­ци­тал та­му, со ед­на ра­ри­тет­на про­гра­ма во Ма­ке­до­ни­ја. Име­но, се ра­бо­ти за цик­лу­сот 24 со­ло-пес­ни од Шу­берт, на­ре­чен „Зим­ско па­ту­ва­ње“. Тоа е нај­поз­на­ти­от Шу­бер­тов цик­лус, но и во­оп­што еден од нај­поз­на­ти­те цик­лу­си за глас и пи­ја­но во му­зич­ка­та ли­те­ра­ту­ра, а во Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш не бил ин­те­грал­но из­ве­ден до­се­га, та­ка што, ете, ќе ја до­жи­вее и сво­ја­та ма­ке­дон­ска пре­ми­е­ра.

Разговараше: Невена Поповска
(Текст објавен во 221. број на неделникот „Република“, 25.11.2016)

Top