недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Генијално ја расположил ќерка си која штотуку раскинала со момчето

exhktkqturbxy8zoteyywy3ntk2ndzmntzhywzmzmfhyzu2mmvlodzhzs5qcgvnkzmczqf3aa

Раскинувањата не се лесни, а денови расплакани поминати во кревет се речиси нормално нешто. Но, една млада Американка поминала многу лесно благодарение на генијалниот татко.

Нејзиното раскинување било болно, раскинала со момче со кое долго била во врска. Ѝ се јавила на другарка си и цела ноќ плачела на телефон.

Во еден момент добила смс од татка си, кој бил во соседната соба.

„Далејни, те молам стиши ја таа тажна музика и онака те слушаме дека плачеш. И аман, затни се веќе, и онака беше грд“, ѝ напишал татко ѝ.

Далејни објаснува за Базфид дека татко ѝ е човек со весел карактер и сака секогаш да ја гледа насмеана.

Судејќи по реакциите на интернет, овој весел татко-шегаџија успеал да насмее многумина.

Top