четврток, 29 јуни 2017 | Вести денес: 80 ново

Што значи Лепа Брена и зошто Фахрета не си го поднесува прекарот

lepa-brena-foto

Фахрета Јахиќ станала Брена многу пред да стане позната како пејачка. Како што открива таа, прекарот Брена го добила уште во средно, во 1975 година – и тоа на теренот за кошарка.

– Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На тој терен и беше создаден мојот прекар Брена. Ми го даде тогашниот тренер Влада Бајер. Додека шутирав на кош, ми викна: „Ајде сега, Брено!“. Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Од секогаш сум сакала да се истакнувам, да се изборам за место под сонцето. Ма, како шило бев, затоа и се најдов под кош, со топка во рацете. Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша да ли имам прекар, се сетив на тој настан и така стана Брена.

Брена почнала да пее додека била гимназијалка, пеела по игранки. Тогаш сфатила дека сцената е нејзиниот терен.

Милован Илиќ Минимакс се погрижил во 1981 година на Брена да му се придодаде и Лепа, веројатно затоа што не знаел дека брена и без тоа лепа значи убава девојка. Па така убавата девојка станала „убава убава девојка“ – Лепа Брена.

Затоа и не е чудно што Брена баш и не е луда за својот прекар и би била многу посреќна да ја викаат Софија или Клаудија.

– Да знаев дека ќе станам олку популарна, ќе учествував во осмислувањето на прекарот.

Top