петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

Гостиварец со автомобил усмртил четири диви свињи

diva-svinja

Четири диви свињи биле усмртени откако синоќа околу полноќ врз нив налетал и ги удрил автомобил „опел астра“ со гостиварски регистарски таблици управуван од  М.У.(44) од гостиварска Долна Бaњица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според неговите податоци сообраќајната несреќа се случила во непосредна близина на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје – Тетово. При тоа нема повредени во возилото во кое имало уште две лица, а причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари.

По извршениот увид на што присуствувале и претставници од тетовската секција на ЈП Македонија пат, усмртените животни биле предадени на членови од ловечкото друштво „Шар Планина“ од Тетово, рече Јосифоски.

Top