вторник, 21 февруари 2017 | Вести денес: 78 ново

Руски имиња за момчиња и девојчиња кои Македонците ги обожаваат

Едни од најубавите имиња за момчиња и девојчиња потекнуваат токму од Русија.

Многу од руските имиња се популарни и во Македонија долга низа од години, па така родителите на своите деца неретко им даваат токму руски имиња. Освен што звучат преубаво, овие имиња носат и исклучително моќна порака и значење.

Ние овојпат издвојуваме по пет најубави руски имиња за момчиња и девојчиња, коишто се исклучително популарни кај нас.

Женски имиња

1.Татјана – име коешто значи огнена кралица. Скратена верзија од ова име е Тања.

2.Олга (Олја) – име коешто кај Русите дошло во 9-от век со шведските викинзи, и тоа како Хелга. Во староскандинавскиот јазик Хелга значи здрава, среќна и света.

3.Маша – ова име настанало од името Марија. Се споменуваат повеќе значења за ова име, при што едно од нив е госпоѓа, а друго вели пак онаа којашто Бог ја љуби.

4.Наташа – ова име значи роден, ден на раѓањето, роденден, но и Божена, Божица. Името во минатото главно им припаѓало на децата коишто биле родени на Божиќ.

5.Ирина – значењето на ова име потекнува од грчката Еирене, божица на мирот. Ирина значи мир и спокојство.

Машки имиња

1.Борис – името е всушност кратенка од словенското име Борислав. Првиот дел од името доаѓа од глаголот – да се бориш, а другиот е морфем – слав, чест кај словенските имиња.

2.Вања – ова име е изведено од името Иван(а) па има и исто значење – Бог е милостив. Ова име е унисекс, односно може да им се даде и на момчиња и на девојчиња.

3.Игор – ова име настанало од нордиското име Ивар, Ингвар, што значи бранител на морето.

4.Александар (Сашо) – ова име е создадено од глаголот aléxo, што значи бранам, и именката anér што значи човек, јунак.

5.Иван – ова е дефинитивно најтипично руско име коешто веќе со векови наназад е популарно во сите слоеви од руското општество, од обичните селани до царските семејства. Името Иван значи Бог е милостив.

Top