понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 15 ново

Јакимовски: Заев изврши историско велепредавство

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски денеска оцени дека за лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите завршиле уште завчера вечер по неговата изјава во Берн.

Според Јакимовски, Заев со изјавата се откажал од Македонците, си пресудил и на себе и на опозицијата и извршил историски невидено велепредавство.

Цитирајќи ја изјавата на Заев „Не може да бидат сите лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“ оцени дека не постои политичар од 1945 година досега кој кажал поопасна теза за македонскиот народ, јазик и култура.

Според Јакимовски, за да бидат најдобри Македонците, Заев пред тие што ни го оспоруваат јазикот, МПЦ и идентитетот, ќе кажел дека јазикот не е македонски, дека МПЦ треба да биде под јурисдикција на СПЦ и дека нема македонска нација

Top