петок, 20 јануари 2017 | Вести денес: 0 ново

Жена уништи двајца мажи и дете: Ги заменила спермите родила дете, па ја открила вистината

Универзитетскиот професор Џонатан Гриндон од Велика Британија пред пет години дознал од својата поранешна сопруга дека нивниот 11-годишен син, зачнат со вештачко оплодување, всушност не е негово дете.
Тој лани ја тужел жена си, на која судот ѝ наложил да му исплати 40.000 фунти за душевна болка, пишува Дејли меил.

Судската победа не му значи могу на овој скршен татко, зашто детето што го израснал како свое, не го видел веќе две години. Неговите чувства и агонијатаможат да се мерат со чувството на родител кому му е убиено детето или киднапирано, зашто неговиот син веќе не е присутен покрај него ни физички ни биолошки ни законски.

-Нема поголема болка од онаа кога детето што сте го израснале, за кое сте врзани, целосно верувајќи дека е ваше,одеднаш ќе исчезне од вашиот живот, вели скршениот Џонатан.

-Бев првиот кој го држел во раце кога мојата поранешна жена се породи со итен царски резподцелосна анестезија. Беше величествен, совршен мал пакет. Неизмерна љубов. Кога дознав дека веќенема да бидам дел од неговиот живот, зашто сето тоа било лага, имав чувство дека некој ми го откорнал срцето. Сега ми останува само да се сеќавам на нашите среќни мигови и да се надевам дека ќе сака да го обнови односот со мене кога ќе порасне и кога законски самиот ќе може да донесе таква одлука, неутешен е измамениот маж.

Нивната приказна не е класична приказна за прељуба. Сѐ започнало во почетокот на 2005 година, кога Џонатан, кој бил во раните педесетти години и неговата соруга Анет, по две години брак одлучиле да станат родители. Испитувањата покажале дека Анет, која тогаш имала 43 години, не може природно да забремени.

Ситуацијата дополнително ја искомплицирало тоа што Џонатан извршил вазектомија откако во првиот брак добил две деца. Затоа, единствен начин било да одат на вештачко оплодување, па отишле во  клиника во Шпанија.

Но, според него,нивниот брак уште тогаш билразнишан. Тааминуала многу време на работа, а нему му пречело. Затоа оделе на брачно советување. Таа дошла на терапиите само 4 пати,  а тој одел сам. Сепак, во меѓувреме не се откажале од детето.

Откако веќе дал примерок од сперма во претходната посета на клиниката, на третманот во 2005 година кога требаод а се оплодат јајце-клетките и да бидат ставени во матката на Анет Џонатан не можел да присуствува. Му рекла дека сама ќе оди во Шпанија, но не заминала сама. Отишла со бившиот дечко и оплодувањето било извршено со неговата сперма.

otac-dijete

Џонатан бил пресреќен кога му кажала дека е трудна, а нивниот син Тимоти се родил во септември. Бил посебно горд кога сите велеле, дека личи на него, а особено кога тоа го велела неговата мајка, бабата на детето.

Но, среќата не траела долго. Постоечките пукнатини се продлабочиле, а наредните 18 месеци живееле заедно само поради бебето. Кога Анет подторно заминала на службено патување, Џонатан одлучил дека е крај.

-Се јави и додека во една рака го држев детето, во другата телефонот, целата во паника викаше и ми врескаше да видам дали тоа нешто важно што го заборавила е во работната соба.Тоа ја прелеа чашата. Имаше многу непријателство меѓу нас. Кога денеска ќе погледнам, претпоставувам дека стресот во голема мера го предизвикуваше тоа што таа имаше многу тајни. Кога се врати, ѝ реков дека си заминувам. Не се обиде да ме одврати. Како да ѝ олесна. Се договоривме за гледање на детето.

Момчето имало 18 месеци кога се иселил. Редовно ѝ плаќал алиментација и го гледал детето. Понеколку години Џонатан повторно се оженил, а неговата нова жена и нејзините две деца се зближиле со Тимоти. Дури и таа забележала дека Тимоти личи на татка си.

tinejdzer-skate

Анет почнала да прави проблеми кога требало да се сретнат таткото и детето, па Џонатан ангажирал адвокат. Во 2011 му признала што направила и дека Тимоти не е негов син. Џонатан направил ДНК, а на шестиот роденден на детето му исптратила меил во кој напишала дека резултатит не се такви какви што сакал да бидат. И покрај сѐ, кога се соземал од шокот, Џонатан сакал да се гледа со детето, но во 2013 година Анет ја добила парницата во која му се одземени сите родителски права на Џонатан, меѓу кои и правото да го гледа детето, бидејќи не му ебиолошки родител.

Џонатан вели дека со недели плачел. Го сака еднкво како и првите два сина од првиот брак.

Анет постепено ги скратувала средбите, за на крај тие целосно да престанат, а во меѓувреме Џонатан дознал како ја прешла клиниката. Кога отишла со дечкото, бил на смена друг персонал, па го претставила како сопруг, бидејќи претходно добила порака дека во спермата што ја донирал Џонатан имало премалку сперматозоиди и дека на клиниката ѝ треба друг примерок.

Иако судот ѝ наложил на Анет да му врати половина од парите што ги дал за лиментација, 80.000 фунти, неговиот адвокат го советувал да ја тужи за родителска измама. Во меѓувреме тој постојано му испраќа писма, честитки, подароци и фотографии на Тимоти, иако никогаш не добил информација дека ги прима.

Последната година ја минал во пишување книга, зашто се надева дека на тој начин Тимоти ќе може да стигне до вистѕината и да види дека нема многу вистина во она што му го кажува мајка му.

Top