понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Бабунски: Моето заминување од Црвена звезда е само новинарска приказна

david-babunski-crvena-zvezda

Давид Бабунски не може да биде задоволен од минутажата што ја добива во редовите на српскиот шампион Црвена звезда, а таквата реалност често манифестира шпекулации за негово заминување од белградскиот тим.

Сепак, македонскиот репрезентативец во својата последна изјава за „Вечерње новости“ тврди дека не размислува за разделба со „црвено-белите“ и покрај минималните шанси кои му ги укажува тренерот Миодраг Божовиќ.

– Информациите за мое заминување се само новинарски приказни. Не сум разговарал на оваа тема и немам намера да си заминам, а ако и постојат некакви понуди, тоа е во надлежност на менаџерот и на клубот – вели Бабунски.

– Ситуацијата не е лесна, но во клубот велат дека веруваат во мене, дека сум перспектива и дека ќе добијам шанса. Кога ќе се случи тоа, не знам, мое е да работам, ми недостасува континуитет, да врзам пет-шест натпревари. Најтешко ми е да се навикнам на српските терени, посебно во зима, терените се лоши и го спречуваат напредокот на лигата – потенцира Бабунски, кој е еден од членовите на младинската репрезентација која обезбеди пласман на ЕП во Полска.

Top