понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Торино планира да стане вегетаријански град

Новата градоначалничка објави дека Торино планира да го претвори во вегетаријански град. Прашање е како ќе помине оваа идеја во кулинарската култура која е богата со месо.

Купување месо е секојдневен ритуал во Торино, чијшто регион има богата кулинарска историја.

Градоначалничката Кјара Апендино оваа идеја ја предоложи уште летото. Деталите допрва треба да ги презентира во јавноста. Во градот веќе се организираат едукативни проекти во училиштата за учениците да знаат повеќе.

– Промоцијата на веганската и вегетаријанската прехрана е основа за зачувавање на нашата околина, здравје на нашите граѓани и нашата заедница. Водечки медицински, прехранбени и политички стручни лица ќе помогат во промоцијата на културата на почитување и ќе ги учат децата како добро да јадат, а воедно и да ја зачуваат околината, земјата и правата на животните – пишува „Гардијан“.

Сепак, има поделени мислења. Еколозите и вегетаријанците овој предлог го дочекаа со раширени раце, а други, пак, сметаат дека е во спротивност со кулинарската традиција на регионот.

161114011-2_mn

Сличен, негативен одговор доаѓа и од трговците што нудат производи од локалните производители. Фабио, продавач на месо, не е задоволен со новите предлози.

– Се разбира дека не сум среќен. Па јас продавам месо. Последните години продажбата е намалена за 40-50 отсто, а верувам дека тоа е така бидејќи веганството стана модерно. Се шират и пораки дека месото е штетно – вели Фабио.

Тој смета дека квалитетното месо секогаш ќе има кој да го купи, иако додава дека младите генерации се повеќе пребирливи.

Новата советничка за околина и заменичка на градоначалничата Стефание Џиануци смета дека има недоразбирање околу целта на акцијата.

161114011-3_xl

– Не станува збор за присилување на луѓето да се хранат на одреден начин. Не сакаме да дојдеме во судир со месната индустрија. Станува збор за подигање на свеста и да им покажеме на луѓето дека има алтернатива, ако се заинтересирани. Веганството е работа на избор и дел од планот е дека нашиот град би бил поодржлив ако промовира еколошки прашања – објасни советничката за околина.

 

Top