петок, 18 август 2017 | Вести денес: 50 ново

Каква банда: Заев мајсторе, не е страшно што коалицираш со чика Драгиша, туку што потврдуваш дека ти си бил кртот во „Отпорот“

sdsm-koalicija

СДСМ ги изгуби членовите, симпатизерите и гласните поддржувачи за четири дена. По непромислените потези на лидерот на партијата, со очајниот избор за пораз со Ферид Мухиќ и Лилјана Поповска на пратеничките листи, вечерва Заев потпиша заеднички настап на изборите и со партијата на Драгиша Милетиќ и со партијата на Самка Ибраимовски. Најголем проблем предизвикал Заев кога на потпишувањето на коалицијата го поканил Драгиша Милетиќ, човекот кој за членството на СДСМ е симбол за предавство.
За неговото учество во коалицијата како што информираат од СДСМ нема одлука ниту од централниот ниту од извршниот одбор на партијата.
Кратко потоа на социјалните мрежи се јавија бројни високи функционери на СДСМ кои не го криеја незадоволството и јавно се откажаа од Заев.
Поранешната потпретседателка Ана Павловска Данева на социјалните мрежи се огради од одлуката на Заев.

Со слична порака се јави и поранешната пратеничка на СДСМ и висок партиски функционер Весна Бендевска.

Остра реакција пристигна и од Горан Тодоровски Гзе, кој важи за еден од најистакнатите партиски кадри на СДСМ во скопски Центар.

Реагираше и Ивор Мицковски кој го обвини Заев дека е предавник на партијата.

alek-gb-1

Се чини дека се повеќе врие и се вжештува атмосферата во СДСМ. Одлуките на лидерот на партијата наидуваат на големо незадоволно и разочараност кај партиските функкционери, но и кај членството и симпатизерите. Се поголемата разочараност од СДСМ и Зоран Заев само потврдува дека партискиот лидер се повеќе ја губи и онака малата доверба пред се кај граѓаните.

За потсетување пак, пред две години токму Милетиќ тврдеше дека во Куманово се појавиле лажни политички претставници кои ги мамат Србите во земјава да се зачленат кај нив. Позади ова стои висок функционер од СДСМ, тврдеше претседателот на СНС.

Top