недела, 26 февруари 2017 | Вести денес: 75 ново

Овој конкурс не е наместен

Навистина ретко се случува работодавачот да почувствува потреба во огласот за работа објавен во весник да нагласи дека конкурсот не е наместен за некого.

Овој оглас објавен во Република Српска се однесува на доделување специјализација во здравствена установа, но и ваквите огласи честопати се наменети на некого конкретно.

Затоа, не е тешко да се заклучи зошто оваа здравствена установа се решила да објави и специјална напомена, оти пречесто огласите за работа, особено оние во државни институции и установи се распишани и објавени само про форма, а работните места се делат според партиски договори и коалициони математики.

Top