понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 117 ново

Есенски намирници кои треба да ги консумирате секојдневно

Есента носи поинаква исхрана од летниот период. Тоа не треба да виде време само на ајвар и мрсна храна, туку есента носи многу намирници кои се одлични за нашето здравје и изглед.

Тиква

Тиквата е една од најздравите намирницим а освен тоа има и одличен вкус. Таа може да се конзумира на различни начини – во слатки и солени варијанти. Од неа можете да направите супа, пита, пире и салата. Тоа што е најважно е дека таа служи како антиоксидант, содржи калциум, железо и витамин Ц, а освен тоа е богата и со каротен.

Мандарина

Освен тоа што ги чисти белите дробови, таа го поттикнува варењето и го штити срцето. Од нив можете да направите колач и различни напитоци. Иако се најдобри свежи, можете да ги конзумирате и со мед и бадеми како меѓуоброк.

Црвена пиперка

Таа содржи дури 92 % вода и е одличен извор на витамин А, Ц и Б6. Исто така, содржи 4 пати повеќе витамин Ц од портокалот и затоа се сместува во групата на супернамирници. Можете да ја печете и да ја конзумирате со лук и маслиново масло, а можете и да ја додадете во салатите и супите.

Костен

Освен што е хранлив, костенот помага кај анемијата и ја поттикнува циркулацијата. Можете да ги јадете печени или варени, или да припремите пире или различни десерти. Одлично одговораат со месо, печурки и тиква.

Top