среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Збогум Џејми Оливер, жените имаат гол готвач љубимец (Видео)

Жешкиот убавец Франко Нориега ги има сите квалитети за да го исфрли Џејми Оливер од срцата на жените, запалени по кулинарска уметност.

8fec6e20db13fe9b2e0d10a6c4a88328

Најновиот потфат на поранешниот модел Франко е да нуди лесни ТВ рецепти на дамите во Youtube (на шпански јазик), но претставувајќи ги само по … боксерки и затегнати мускули.

27-годишниот г-дин Нориега е роден во Перу, но се преселил да живее во Њујорк во 2007 година, за да продолжи кариера во модата и театарот. Тој учел во Американската академија за драмски уметности, но во 2014-та решава да ја претвори љубовта кон храната од свое хоби во професија.

eb530ab503063e21f068dca36f8e8a7f

Во истата година Франко отвора перуански ресторан во Њујорк, кој се вика “Baby Barsa”, а од неодамна тој си има свој сајт, во кој демонстрира готвачки вештини, но во интересна симбиоза со совршениот изглед.

Непотребно е да се каже дека згодниот шеф веќе стана сензација во социјалните медиуми и има 164 илјади следачи кои се воодушевуваат на највкусните, здрави рецепти … или можеби повеќе на жешкото тело.

Top