сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 33 ново

Бојата на пасошот има свое значење – дознајте што значи секоја од нив

Во зависност од тоа од каде потекнувате и кое е вашето место на живеење, вашиот пасош може многу да каже за вашата земја.

Бојата на пасошот не е гарантирана со законските регулативи, односно не зависи од конкретна категоризација на земјите, пишува „Бизнис инсајдер“. Пасошите низ светот се во неколку нијанси на црвено, сино, зелено и црно.

Црвени пасоши

Темноцрвените пасоши се користат во земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, како и земјите кои се заинтересирани за членство (Македонија, Србија, Турција…). Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу исто така имаат пасоши со ваква боја. И Швајцарските пасоши се црвени за да одговараат на националното знаме.

Сини пасоши

На Карибите пасошите се сини – кои се типични за „Новиот свет“. Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај  користат сини пасоши. Американскиот пасош е морнарско син од 1976 година, за да одговара на нијансата на американското знаме. Пред тоа во Америка имало зелени и црни пасоши.

Зелени пасоши

Поголемиот број на исламски држави ја имаат зелената боја на пасошите, бидејќи зелената боја е важна за нивната религија. Слична зелена боја има и на пасошите во Нигерија и Сенегал.

Црни пасоши

Темните бои покажуваат помалку нечистотија и изгледаат поофицијално. Република Боцвана, Замбија и Нов Зеланд имаат црни пасоши, а црната боја се смета за национална.

Од сето ова може да се заклучи дека бојата на пасошите отсликува многу повеќе отколку гео-политичката и економската одлика на одредена земја. Многу е важно кој пасош, односно од која земја, има слободен пристап до други земји, што значи личен документ за идентификација на одредена индивидуа.

Top