петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 31 ново

Се храните здраво, а се дебелеете поради поради овие три големи грешки

Малите промени и тоа како можат да имаат големо влијание врз нашето здравје и губењето на несаканите килограми.

„Не знам зошто го правев тоа, но го правев – по цел ден јадев здрави работи, на работа носев ручеци и здрави грицки и се` правев по правилата. Меѓутоа, штом ќе дојдеше време за вечера, целиот мој труд паѓаше во вода затоа што почнував да ја јадам најнездравата и најмасната можна храна, и тоа во неограничени количини. Килограмите се таложеа, а јас се чудев што се случува. Кога сфатив дека повеќе немам изговори, решив нешто да променам“, раскажала оваа жена за порталот Womenshealthmag.com.

Ограничени порции

Претежно се хранев здраво, но во огромни количини. Што и да изедев, се враќав во кујната по репете и редовно после сето тоа ги јадев и остатоците од вечерата на моите деца. Тогаш воведов правило да јадам само ограничени порции и да не ги јадам остатоците од децата. На почетокот ми беше тешко бидејќи се чувствувам како да ја фрлам храната, но кога сфатив колку полесно се чувствувам и колку побрзо се движам, сфатив дека сум ја донела исправната одлука.

Сфатив дека сирењето не е посебна група на храна

Како вегетаријанец, јадев многу млечни производи, а најмногу сирење. Сирењето ми беше состојка во секој оброк. Освен тоа, често јадев пици, макарони со сирење и слични работи. Кога ги исфрлив млечните производи од исхраната, почнав да јадам многу здрави намирници, па така наместо пици јадев зеленчук со ориз, многу супи и салати. Со самото тоа, внесував многу повеќе влакна и чувствував помалку глад.

После вечерата е крај

Како што веќе споменав, вечерата ми беше најголемиот проблем. Дури и кога ќе ги изедев моите две порции и остатоците од децата, ќе се почестев со нешто благо. Сега, покрај тоа што ја намалив вечерата, ги исфрлив преработените слатки и за десерт јадам овошје. Кога сите ќе станеме од маса, ја затворам кујната и повеќе не си дозволувам пристап внатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top