понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Претседателот Иванов го одликува Драмски театар со Орден за заслуги

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го одликува Драмски театар од Скопје со Орден за заслуги за Македонија.

Драмски оваа година одбележува 70 години од постоењето.

Веста за признанието ансамблот на театарот ја доби за време на балканската турнеја со претставата „Генетика на кучињата“, која синоќа ја играа во Београдско драмско позориште.

Годинава театарот на повеќе начини го одбележува јубилејот – со гостувања на други театри на матичната сцена, со балканска турнеја, разни манифестации, изложби.

Top