вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Петнаесет загинати по ураганот Метју во Северна Каролина

CHARLESTON, SC - OCTOBER 8:   Cars are flooded along E. Battery Street adjacent to White Point Gardens in the wake of Hurricane Matthew on October 8, 2016 in Charleston, South Carolina. Florida, Georgia, South Carolina and North Carolina have all declared a state of emergency in for Hurricane Matthew. (Photo by Brian Blanco/Getty Images)

­ Дождовите кои ги донесе ураганот Метју, предизвикаа денеска големи поплави во американската држава Северна Каролина.

На илјадници луѓе им беше потребно спасување од домовите и автомобилите, а бројот на жртвите достигна 15. Стихијата го загуби статусот на ураган малку пред зори, но кризата е далеку од завршена, објавуваат американските медиуми.

Водата е надојдена во реките и потоците во Северна Каролина, па голем број жители на државата се принудени да ги напуштат своите домови, а други се блокирани.

Полицијата и спасувачките служби спроведоа над 880 спасувачки операции во вода, посочи гувернерот Пет Макрори. Само во реонот на градот Фајетвил, близу 600 лица биле спасени од брзо надојдените води. Во зоната има четворица исчезнати, а точниот обем на катастрофата се уште е непознат, бидејќи поплавите продолжија и во текот на ноќта, па до многу места спасувачките екипи се уште не стигнале.

Повеќето смртни случаи се случиле кога автомобили биле повлечени од водената стихија. Според метеоролозите во државите Северна Каролина и Вирџинија се очекува уште дожд во претстојната ноќ. Граѓаните се повикани да останат во своите домови.

Top