вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

На Хаити му се заканува колера, ураганот усмрти најмалку 800 лица

Ураганот Метју на островот Хаити усмрти најмалку 842 лица, а се стравува дека бројот на жртвите може да биде многу поголем, јавува „Ројтерс“.

Како што велат локалните власти, состојбата на островот може да биде критична во наредните 18 месеци.

– Бројот на мртвите може да достигне и до илјада. На населението му е потребно вода, засолниште, материјал, а во наредниот период му се заканува и колера – соопштија локалните власти.

Меѓународниот Црвен крст наведува дека на островот се загрозени 50 илјади луѓе, а помош доаѓа од УНИЦЕФ.

– Сегде е катастрофа. Куќите се без кровови, плантажите се уништени. Ова е првпат да гледаме вакво нешто – вели градоначалникот на малото место Камр Перин Пилус Енор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top