вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Пеколен меден месец: Едвај ја преживеале првата брачна ноќ, а потоа Метју го срушил хотелот

Брачната двојка Дејв и Аманда Џенкинс сакале својот меден месец да го поминат на Бахамите, но не можеле ни да замислат што ги чека таму. Наместо романтика, првата брачна ноќ на рајскиот остров се претворила во пекол.

Ураганот „Метју“ кој го погоди САД брачната двојка Џенкинс го дочекала во луксузното одморалиште „Риу Палас Парадајс ајсленд“, пишува „Дејли Мејл“.

mladenci-dejv-i-amanda-dzenkins-1475840702-1007071

Како што наближувал најсилниот удар на ураганот, сите гости морале итно да се евакуираат од своите соби.

Младенците кога се вратиле во апартманот забележале дека надворешниот ѕид буквално исчезнува под ударот на ветерот кој дувал со 230 километри на час. Завесите, чаршавите и работите летале по собата.

Жителите на Бахами велат дека никогаш нешто слично не доживеале. Направена е голема материјална штета. За среќа немало жртви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top