четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 108 ново

Страв и трепет за Американците: Ако Метју и Никол се судрат, Флорида ја чека катастрофа

metju-nikol

На брегот на американската држава Флорида би можело да се судрат двата урагани Метју, кој го опустоши Хаити, и Никол, тропска бура која прерасна во ураган од прва категорија.

Како што јавуваат американскиот медиуми, прогнозите се дека Метју за кратко ќе ја погоди Флорида, но тоа не е најлошото што може да се случи.

По формирањето од тропска бура во ураган Никол на Атлански Океан, постои можност од приближување на две воздушни маси и создавање на таканаречен Фуџиварин ефект.

metju-nikol1

Првичните прогнози велат дека по ударот во Флорида, Метју би требало да тргне кон Атлантикот, а доколку дојде до контакт меѓу двата урагани, ситуацијата ќе биде поинаква.

Фуџиварин ефект значи дека двата центри на ураганите кружат еден околу друг и ја намалуваат оддалеченоста меѓу подрачјето на низок воздушен притисок. Ако тоа се случи, би значело дека Метју повторно ќе се сврти и ќе тргне назад кон Флорида за нов удар.

Top