понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

По Метју доаѓа Никол

Тропската бура Никол доби поголем интензитет и се трансформира во ураган, соопшти во четвртокот Центарот за информирање за урагани, прецизирајќи дека ќе го погоди брегот на Бермудските Острови.

Никол достигнува брзина од 130 километри на час и би можела уште да зајакне во следните 24 часа, но во овој стадиум се уште не е на ниво на кое се прогласува тревога.

Никол се наоѓа источно од разорниот ураган Метју, кој опустоши неколку земји на Карибите и се упати кон Флорида.

Top