понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Андонов до Спасовски: Вие не ја спроведувате законската процедура

Не ја спроведувате законската процедура и ја прекршивте со потпишувањето на систематизацијата, како и решенијата на началниците на одделите што ги сменивте, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, во телевизискиот дуел со Оливер Спасовски, во „Аргументи“ на ТВ Нова.

„Вие им се заканувате на вработените со покренување на дисциплински постапки. Им наредувате на вашите поставени началници противзаконски да не го дочекуваат дополнителниот заменик министер кога е во официјална посета. Побарав службена белешка, да ми биде одговорено зошто кога сум во функција, не сум дочекан според процедурите. Вратата за Оливер Андонов беше отворена се додека вам ви одговараше така да биде. Андонов од самиот старт беше со чист и јасен став. Не направив промена на овластувањата од прв ден без присуство на претходниот министер. Андонов ви кажа дека нема да потпише противзаконски акт. Вие ја манипулирате македонската јавност. Барам доследно почитување на обврските“, истакна Андонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top