понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Пандев: Израел е фаворит, но со помош на публиката може да стигнеме до поволен резултат

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) го игра вториот квалификациски натпревар во циклусот за СП 2018, а на арената „Филип Втори“ ќе гостува селекцијата на Израел. Капитенот Горан Пандев пред јавноста ги соопшти своите очекувања од овој дуел.

Тој како и селекторот Игор Ангеловски фаворитската улога и притисокот го префрлаат кај противникот Израел, но верува дека со безрезервната помош од публиката нашиот најдобар национален состав може да стигне до поволен резултат.

– Одбраната е послаб дел од селекцијата на Израел. Но, во целина се технички добро подготвени. Имаат квалитетни напаѓачи, а ние ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Одбраната е послаб дел од селекцијата на Израел. Но, во целина се технички добро подготвени. Имаат квалитетни напаѓачи, а ние ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат – изјави Пандев на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот квалификациски меч со Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top