понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Температура и до нула, следуваат неколку дена нестабилно време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во западниот дел од земјава ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

В петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има повторно зголемување на облачноста и врнежи, особено во доцните попладневни и вечерни часови кога наместа врнежите ќе бидат и пообилни. Температурата ќе биде без позначителни промени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, в сабота релативно свежо со слаб до умерен северен ветер, а од недела ќе има благ пораст на дневната температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top