сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Тестирајте се пред спиење: Спиете боси или со чорапи?

Некому е угодно да спие со чорапи, некој повеќе ужива бос во кревет. Иако сме уверени дека тоа е навика, психолозите велат дека не е така.

Ако спиете со чорапи

Веројатно тоа го правите бидејќи ви студи на стапалата иако можеби во собата температурата е пријатна. Причината може да биде во метаболизмот или во навиката. Но тука улога игра и психичкиот фактор. Овие луѓе сакаат да бидат заштитени, да престојуваат на пријатни места и секогаш сакаат да воспостават длабоки врски со луѓето. Многу се нежни и сакаат да го делат личниот простор со другите луѓе.

Ако спиете боси

Обично ви е многу жешко за што било да имате на нозете. Можеби имате брз метаболизам и добар проток на крвта па стапалата ви се секогаш топли. Но, ова може да кажува и дека сте многу независни и заштитнички настроени кон другите. Внимателни сте и не пуштате секого во својот личен простор, а често најдбро се чувстувате сами со себе. Сакате предизвици и ништо не ви е тешко да направите за оние кои ги сакате.

 

Top