вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Дополнителниот заменик­-министер за внатрешни Андонов во посета на СВР Струмица

oliver-andonov

­ Екипите на СВР Струмица последните десетина дена заплениле осум килограми дрога, а имало и заплена на оружје, информира дополнителниот заменик­министер за внатрешни работи Оливер Андонов при неговата посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица.

Целта на посетата, истакна Андонов, е да се запознае со безбедносната состојба на реонот што го покрива овој сектор. ­

– Сакам и да искажам благодарност за заплената на дрога од околу осум килограми, потоа имаше и заплена на оружје, како и активности со добра соработка со регионалните центри за гранично обезбедување. Сакам на професионален начин да им дадам поддршка на вработените, на сите припадници на МВР и да им дадам моја помош за решавање на некои проблеми кои се појавуваат во работата, истакна дополнителниот заменик­министер.

Тој му забележа на новопоставениот началник на СВР Струмица што не се појавил на договорената посета. ­

– Жал ми е што не е тука началникот поставен од Оливер Спасовски. Веројатно ќе добијам објаснување каде е. Јас договорив средба со СВР Струмица што значи и тој треба да биде присутен тука, рече Андонов и додаде дека ваквите посети на секторите за внатрешни работи ќе се одвиваат во повеќе турнуси, најавувајќи нова посета за еден месец.

Top