понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Половина милион луѓе бегаат од ураганот Метју (Видео)

Властите во американската држава Јужна Каролина почнуваат со евакуација на повеќе од половина милион луѓе пред ураганот Метју, кој претходно усмртил три лица на Хаити, а четири во Доминиканската Република.

karolina

Гувернерката на Јужна Каролина, Ники Хејли , во вторникот кажала дека прогласила вонредна состојба.

Се очекува дека ураганот ќе удри на брегот на Јужна Каролина во сабота, при што јачината на ветерот ќе изнесува и 160 километри на час.

Ураганот во Доминиканската република усмртил четири лица и оштетил 200 куќи, а властите евакуирале 800 луѓе, соопштиле службениците.

Властите во американската држава Јужна Каролина почнуваат со евакуација на повеќе од половина милион луѓе пред ураганот Метју, кој претходно усмртил три лица на Хаити, а четири во Доминиканската Република.
Гувернерката на Јужна Каролина, Ники Хејли , во вторникот кажала дека прогласила вонредна состојба, пренесува AFP.

Се очекува дека ураганот ќе удри на брегот на Јужна Каролина во сабота, при што јачината на ветерот ќе изнесува и 160 километри на час. Ураганот во Доминиканската република усмртил четири лица и оштетил 200 куќи, а властите евакуирале 800 луѓе, соопштиле службениците.

Претходно Метју на Хаити однел три животи, пренесува АФП.

Top