понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Спасовски во обид да го замолкне Андонов и да ги сокрие незаконските унапредувања

Техничкиот минисетер за внатрешни работи Оливер Спасовски писмено го информирал дополнителниот заменик министер Оливер Андонов дека му забранува јавен настап без претходно добиена согласност од него

Врв на самоволието незаконското работење на Спасовски, вака Андонов ја оценува најновата наредба во МВР со која генералниот секретар на СДСМ пипсмену му наредува и забранува на дополнителниот министер јавен настап без негова дозвола.

oliver-vs-oliverПритоа Спасовски им забранил и на вработените за односи со јавност да дадат било каква логистичка поддршка на активностите на неговиот кабинет, а во спротивно им се заканил дека ќе следуваат дисциплински мерки.

За Андонов ова е преседан и обид за воведување на цензура и тврди дека ниту политичкиот договор ниту законот за влада му го дозволуваат ваквото постапување на Спасовски.

Андонов до Управниот суд поднел пријава за поништување на незаконските смени во МВР без почитување на процедурата и системот за кариера.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ги повика вработените во МВР да си ја вршат работата согласно закон, а тој ќе ја води комуникацијата со Спасовски.

Top