вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Сите во шок: Хирург танцувал за време на операција

Колумбискиот естетски хирург Давид Махана го навлече гневот на јавноста во неговата земја, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој танцува за време на операција, при тоа држајќи во раката ткиво на пациентот.
hirurg
Многумина го обвинија лекарот за непочитување на пацинетот и професијата, но тој тврди дека без потреба се кренала толкава врева и уште се обиде да се прикаже како жртва.

Тој имено тврди дека снимката е направена додека ја оперирал неговата тетка на која и ја затегнувал кожата на стомакот и дека всушност таа барала да се направи тој видео запис „за да има спомен од операцијата“.

– Во ниту еден момент не го загрозив нејзиниот живот… Ова видео кружеше само меѓу членовите на моето семејство, но некој очигледно сака да му наштети на мојот углед и на мојата кариера, изјави Махана, додавајќи дека се сомнева во неговата поранешна девојка со која се разделиле пред неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top