вторник, 21 февруари 2017 | Вести денес: 63 ново

Ако зборувате сами со себе не значи дека сте луди

Науката објаснува како зборувањето сами на себе може да ја подобри мозочната функција
Според истражувањето спроведено од научниците Гари Лупиан и Даниел Свингли, зборувањето на себе, на глас или потивко, е значајно затоа што тоа им овозможува на луѓето побрзо да ги најдат работите. Тие откриле дека на овој начин, кога се именува објектот, побрзо може да се види она што се бара.
Целта од нивното истражување било да се провери дали зборувањето на себе има влијание на визуелниот процес. Тие испитале 26 студенти (50% машки и 50% женски) барајќи одредени предмети во супермаркет. Лупиан заклучил дека слушањето на името на предметот и помага на визуелната перцепција. Едноставното слушање на името на бараниот предмет им помогнал на учесниците побргу да ја завршат својата задача, за разлика од оние што само размислувале за тоа.
Всушност, оние мали разговори што сте ги имале самите со себе, биле поттикнати со цел да ви помогнат. Следниот пат кога сте во потрага по нешто, изговорете го тоа гласно и побргу ќе го пронајдете бараниот објект отколку вообичаено. Ова е одличен начин да ја зголемите функцијата на мозокот. Истражувањата покажале дека се додека го правите ова природно, вам ќе ви помогне да ги остварите своите задачи и цели.

Top