понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 116 ново

Невработените незадоволни: вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ разгори војна во опозицијата

Водителката Нора Шакири не е единствена што е незадоволна од одлуката на партиското раководство на СДСМ партијата да му се најде на новинарот што даде остаква за да ѝ се најде на партијата, Мухмед Зекири. Во интервјуто за „Нова ТВ“ Заев лично потврди дека на Зекири „му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се охрабрил и ја напуштил работата за да помогне“.

Водителката и истакната опозициска активистка Нора Шакири јавно го праша опозицискиот лидер Зоран Заев зошто е помалку вредна од Мухамед Зекири. На нејзиниот пост одговори Заев, но тоа предизвика голем револт кај другите опозициски активисти, кои сметаат дека е неправда за другите невработени членови.

„Не разбирам или не сакам или не можам да разберам…ЗЗ вели дека на Мухи му помогнал бидејќи останал без работа т.е дека баталил новинарство за да помогне да го бутне режимов..ОДЛИЧНО..Немам ништо против одлуката на СДСМ Мухи да е дел од СДСМ, сосема е ОК…Ја еве 4 години сум без работа, примања 0, зборувањето ГЛАСНО ме остави на улица, ме издигаа на клоци, ми ја затворија секоја можна врата и ми удрија во фамилија…ДА МЕ ЗГРИЖИ НЕКОЈ ИМА?? М?? Имам схколо, искуство, познанства… Доволно е?“, напиша Шакири.

nora-status

На ваквата прозивка одговори првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, кој напиша дека не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија, бидејќи Нора „требало само да спомене“.

zaev-st

„Секогаш можеш да сметаш на СДСМ. Требало само да споменеш. Можело директно да ми кажеш или, пак, преку некој. Како би можел јас да знам дека Нора Шакири има потреба од ангажман и работа. Повели Нора на кафе кај мене во партијата“, напиша Заев.

zz-n1

zz-n

Откако одговори Заев, на полемиката со свое мислење се јавија и други опозициски медиумски перјаници, но и партиски активисти. Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.

dragan-antonovski

ivor-status

palevski640

Најистурените медиумски играчи на Заев почнаа дури да и се закануваат и да ја навредуваат Шакири за нејзината полемика со лидерот на СДСМ.

maktel

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top