вторник, 24 јануари 2017 | Вести денес: 102 ново

Поддршка во градинките за децата кои минуваат низ промена на полот

Одделението за едукација во Нов Јужен Влес во Австралија во градинките воведува програма која ќе им помогне на трансродните деца да поминат низ промена на полот. Одделението развило програма за поддршка на децата, а таа треба да се воведе во градинките уште следната година.

Психолозите и трансродните заговорници не ја поддржуваат одлуката, затоа што сметаат дека децата на таа возраст се премали за да минуваат низ толку драматична промена.

-Мислам дека возраста од 4 години е многу мала за какви било политики на поддршка, вели Кетрин Мекгрегор.

transrodni-deca-1

-Моето искуство покажува дека децата со силен трансроден идентитет го разбираат чинот на промена. Секако, тогаш би биле зголемени мерките на претпазливост со децата во Одделението и на лекарите, затп на таа возраст треба да донесат неповратна одлука.

Психологот Роус Кантали смета дека четиригодишно дете е премногу мало за да го промени полот, но од Одделението велат дека тоа е дел од иницијативата Посигурни школи, која им помага на трансродните деца. Тие додаваат дека постојат многу трансродни деца, од кои најголемиот број се четиригодишници.

Top