понеделник, 1 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Пет знаци дека телото ви „пука“ од стрес

Стресни денови на работа или дома се нормална појава со која сите се справуваме. Но, кога стересниот период се развлекува од понеделник до петок и тоа секоја седмица, станува збор за сериозна појава која многу влијае на здрајето.

1.Главоболки за викенд

Во викенд телото и умот влегуваат во еден сосема поинаков ритам. Наглиот пад на стресот може да се одрази на нашето расположение, но и да се покаже во облик на физичи симптими. Еден од најчестите е главоболката. Силните болки во пределот на челото или на темето и мигрените се показател на собиран стрес.

2.Многу силни менструални болки

Жените кои константно се под стрес, двојно повеќе се склони кон многу поболни менструации од оние кои не се секојдневно напнати. Причината е што стресот лијае на нивото на хормоните во организмот. Кога тоа ќе се поремети, тоа го чувстуваме во облик на грчеви и болки во карлицата.

3.Лош сон и необични соништа

Соништата се знак на длабок и здрав сон поради што наутро се будиме подобро расположени и одморени. Но, кога телото е под стрес, сонот станува лесен и испрекинат. Лошиот сон со себе повлекува и тешки мисли и грижи поради што соништата може да станат кратки и необични. Потрудете се да спиете најмалку седум или осум часа и избегнувајте кофеин или аклохол пред спиење.

4.Зголемена желба за слатко

Кога многу сакате да каснете чоколадо, а сте јаделе пред неколку часа, не значи дека постојано сте во ПМС, туку дека имате стресен живот.

5.Болки во стомакот

Тапа и необјаснета болка во стомакот или пак желудочни тегоби се најчести симптоми на силен и хроничен стрес. Истражувањето спроведено на примерок од 2.000 испитаници потврдило дека лицата кои проаѓаат низ најстресни периоди од животот  се сеќаваат на бројни тегоби во стомакот.

 

Top