среда, 22 февруари 2017 | Вести денес: 97 ново

Не е бомба, боца е: Во Усје веќе не е опасно, евакуираните се враќат дома

oksigenska bocaВо близина на скопската населба Припор не била најдена авионска бомба, како што беше соопштено претходно, туку оксигена боца од 1,5 метри, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во првото соопштение од оваа институција беше наведено дека во близина на населба Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, е пронајдена авионска бомба од голем калибар, првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.

Но, по извршеното ископување утврдено е дека се работи за оксигенска боца. Нема понатамошна опаснот во реонот каде беше пронајдена боцата, соопштуваат од ДЗС

Top