петок, 24 март 2017 | Вести денес: 96 ново

Златните грла доаѓаат од Македонија: Не е само Даниел најдобар и Елена со златна статуетка

Доделувањето на музичките награди „Даф Бама“ се одржа во саботата вечерта во „Баркликард арена“ во Хамбург.

Во македонскиот тим предворен од Миланка Рашиќ беа Даниел Кајмакоски и Елена Ристеска.

The macedonian team in Hamburg… @daki226 @daniel_kajmakoski #MilankaRashik

A photo posted by E L E N A (@elenaristeskaofficial) on

Нашата поп-пејачка Елена Ристеска, како Даниел Кајмакоски во машка конкуренција, се закити со статуетка за најдобар изведувач од Македонија во женска конкуренција.

Даниел Кајмакоски, кој беше поканет да настапи како претставник на Македонија и беше номиниран за најдобар машки изведувач и за наградата од публиката за најдобар изведувач, ја освои наградата за најдобар изведувач од Македонија. Кајмакоски беше номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.

Thank you Daf Bama Music Awards 🙂 #hamburg #germany #bestmacedonianact

A photo posted by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Елена беше поканета од организаторот како најдобра пејачка од Македонија.

 

A photo posted by E L E N A (@elenaristeskaofficial) on

-Мора да признаам дека ми е огромно задоволство што добив покана и што ќе учествувам и ќе ја претставувам Македонија. Видов дека досега на овој фестивал имаат настапувано повеќе познати изведувачи од многу земји – изјави Елена.

Ова се сите добитници на регионалните музички награди „Даф Бама“

Top