понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 85 ново

Сара Мејс за свршувачката со Димитар: Ме изненади со прстен на кампување

sara i dimitar

Се свршија поп- пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, кои веќе две и пол години се во врска, а година и пол живеат заедно. Димитар ја изненадил Сара со прстен додека биле на кампување во Грција, пишува Вест.

– Бев збунета, возбудена и изненадена. Ме запроси во вода додека се капевме. Бидејќи бевме големо друштво, отидовме во барчето на плажа да се напиеме. И толку. Нема драма, нема ништо. Им јавивме на нашите родители по телефон и се уште официјално не сме се виделе со нив, изјавила Сара за весникот.

Димитар вели дека сакал да ја запроси на Илинден, но му се расипало времето, па морал да почека неколку дена.

– Поодамна го планирав ова, но бидејќи двајцата сме љубители на природата, одењето во кампот ‘Стомио’ ми беше добра прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top